Регион

Бегалката се чувствувала безбедно во Бугарија

Бугарските медиуми си најдоа “ексклузивна тема”

„Ива Михаилова пристигна во Бугарија: ги изненади институциите во двете земји“, објави БТВ Новините. Нова телевизија го пренесе нејзиното тврдење дека е среќна што се вратила во Бугарија и дека таму се чувствува безбедно, додека БНТ објави поширок преглед на реакциите на бугарските власти и политичари.

„Ива Михаилова е во ‘Пирогов’“ и „Здравствената состојба ми се влоши, во Бугарија се чувствувам безбедно“ се меѓу пораките што доминираа во медиумското известување во понеделникот, пренесува „Плусинфо“

Според БНТ, Михаилова е примена во болницата „Пирогов“, каде што во следните денови треба да ѝ бидат направени низа испитувања а се очекува да остане во болницата неколку дена, а понатамошниот третман ќе зависи од лекарските наоди.

Бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова изјави дека нејзиното министерство не било известено за конкретните чекори што ги презеле Михаилова и нејзиниот адвокат.

„ Важно е таа да добие можност за соодветно лекување во Бугарија, и тоа што е можно поскоро“, изјави Петрова, според БНТ.

Таа оцени дека станува збор за хуманитарен случај за кој, според неа, во Македонија немало соодветна реакција, поради што биле преземени „очајнички чекори“.

Посебно прашање, според Јорданова, е дали таа се соочила со дискриминација поради бугарското државјанство и националното самоопределување. Таа порача дека Бугарија треба да се грижи за своите граѓани што се наоѓаат во тешка ситуација надвор од земјата.

Од партијата Преродба, побараа бугарската дипломатија да ја задржи „цврстата позиција кон Македонија во врска со случајот на Ива Михаилова“.

Пратеникот Ангел Георгиев изјави дека македонските власти треба да ги преиспитаат своите постапки и да не го користат случајот за поттикнување омраза кон Бугарија. Тој нагласи дека Михаилова ги поседувала документите со кои, според нејзиниот исказ, ја минала границата.

БНТ ги пренесе овие реакции како показател дека случајот добива и политичка димензија во Бугарија, со повици за заштита на нејзините права и продолжување на дипломатскиот ангажман.

Додека Михаилова тврди дека легално ја минала границата со својот адвокат и дека „во Бугарија се чувствува безбедно“, македонските институции укажуваат дека против неа се води судска постапка и дека нејзиното заминување отвора прашања за законитоста на нејзиното поминување на границата, како и за улогата на Бугарија во нејзиното илегално заминување.

Михаилова е обвинета во постапката што се води во Кочани по тешката сообраќајна несреќа на патот Кочани – Штип, која се случи на 7 октомври 2025 година и во која загина едно лице, а повеќе луѓе, меѓу кои и таа, беа повредени. Следното рочиште е закажано за 6 ноември, и според нејзиниот адвоокат од Македонија, може да се одржи и во нејзинот отсуство.

Етничката припадност не е основ за привилегиран третман

Најнови вести од: Регион

To top