Македонија

Вреди: „Казино-момчето“ Груби излезе од куќен притвор, но не е слободен, уште долго ќе мора да се справува со своите гревови!

„Казино момчето’ Артан Груби излезе од куќен притвор, но е далеку од слободен човек. Каков пазар и да прави, колку и да ги користи старите врски на ДУИ во правосудството, подземните шеми, тој уште долго ќе мора да се справува со неговите гревови додека беше на власт.. Има обвинение и без оглед колку е подготвен Перпарим Бајрами да се жртвува за него, на Артан Груби ќе му виси тежок камен околу вратот.“ – нагласува Вреди во своето соопштение.

Натаму Вреди истакнува: Целото раководство на ДУИ сѐ уште се прашува зошто после една година во бегство тој сам се пријави на граница и доби само куќен притвор. Факт е дека истече максималниот рок во кој можеше да му се продолжува притворот. Факт е дека Артан Груби ќе може да се движи само во Скопје и оти ќе треба редовно да оди на проверка во суд. Факт е дека за таа ограничена слобода на движење даде гаранција вредна 350 илјади евра како да се 100 денари.

Без оглед на театарот што му го приредија десетина негови лојалисти со навивачка пиротехника, исплашениот и блед лик на „кралот“ говори многу без воопшто да изусти збор. Иако Бујар Османи во интервју се обиде да го излиже тоа што го исплука за Артан Груби во кампањата за локалните избори, сепак тоа не беше доволно. Мораше уште повеќе да се понижи и како поранешен шеф на дипломатијата стана навивач за човек, кој е на црната листа на САД. Симптоматично, недостасуваше факелот на Али Ахмети, кој во неколку наврати со изјави неуспешно се обиде да си ја припише како личен успех замената на куќниот притвор со поблаги мерки за неговиот поранешен најблизок соработник и некрунисан наследник.

Дали Артан Груби добил задача да направи драматичен раскол во ДУИ? Како и да е, Вреди со нетрпение ја очекува неговата позната комуникациска ароганција, со која со невиден успех го поткопуваше рејтингот на ДУИ. Се додека е слободен и дополнително ја отежнува неопходната кадровска реформа во ДУИ, за нас нема подобра и посилна гаранција за успех на било кои избори, порачува Вреди во своето соопштение.

Најнови вести од: Македонија

Преведувачката Соња Должан од Словенија, добитничката на признанието „Блаже Конески“ од МАНУ: Македонскиот јазик сè помалку звучи македонски, оти не се чува!

Меѓународното признание „Блаже Конески“, кое Македонската академија на науките и уметностите го доделува за придонес во афирмација и промоција на македонскот јазик и култура, денеска и беше врачено на македонистката од Словенија Соња Должан, која повеќе децении е посветена на превод на македонски автори и нивно претставување пред словенечката јавност. „Македонскиот јазик веќе не звучи […]

Бугарија потврди дека добила барање за апсење и испорачување на Ива Михаилова, но нагласува дека може да го одбие тоа, оти „била и бугарска државјанка“!

Бугарските власти засега не презеле активности за утврдување на локацијата на Ива Михаилова, по која Македонија побарала меѓународна потрага со цел апсење и екстрадиција. Бугарското Министерство за внатрешни работи соопшти дека Михаилова е државјанка и на Бугарија и на Македонија, посочувајќи дека меѓународните и домашните правни одредби предвидуваат можност за одбивање екстрадиција на сопствени државјани, […]

ФУЕН бара поддршка од МАЕИ за спроведување на Резолуцијата за Македонците во Албанија од 19.9.2026

Со оваа резолуција официјално се бара Владата на Република Албанија да ја потпише и да ја ратификува Европската повелба за регионални или малцински јазици, да им овозможи на припадниците на македонското малцинство слободно да се изјаснуваат и да преземе ефективни мерки против какви било надворешни политички притисоци, насочени кон негирање или асимилација на македонскиот идентитет. Покрај тоа, се бара општина Пустец да остане посебна единица на локална самоуправа и во рамките на новата реформа да не претрпи територијални промени, односно да не се спојува со други општини.

Најнови вести

To top