Македонија

Сиљановска-Давкова: Историската вистина за Холокаустот мора да се зачува

Сиљановска-Давкова со експертот за Холокаустот Мајкл Баренбаум: Историската вистина за македонските Евреи мора да се зачува

 

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими д-р Мајкл Баренбаум, истакнат професор по еврејски студии и експерт за Холокаустот, кој во март годинава ја придружуваше за време на посетата на Меморијалниот комплекс „Треблинка“ во Полска, информираат од кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова.

На средбата присуствуваа Горан Садикарио, директор на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, Љиљана Мизрахи и Тодор Чепреганов.

&nbs

Сиљановска-Давкова укажа на опасноста од историски ревизионизам, минимизирање и негирање на Холокаустот и од антисемитизам, се вели во соопштението.

За неа, Треблинка каде што биле убиени 7.144 македонски Евреи, односно 98 проценти од македонската еврејска заедница е длабоко потресно искуство, но и споменик што сведочи за историските факти, како и причина за прераснување на одбележувањето во традиција, стои во соопштението.

Претседателката му се заблагодарила на Баренбаум за експертското и човечко ангажирање во одбраната на историската вистина за Холокаустот врз македонските Евреи, особено за аргументираната заложба да се сочува автентичниот натпис на спомен-плочата во Треблинка, наспроти обидите за негова измена.

За професорот, присуството на Претседателката, пратеници и претставници на македонската Eврејска заедница на одбележувањето на 11 Март – Денот на депортацијата на македонските Евреи, во Треблинка, е од исклучителна важност.

Баренбаум потсетил дека со испишувањето на имињата на македонските Eвреи на ѕидот во Меморијалниот комплекс, секоја жртва ќе добие траен спомен и заслужена заштита од заборав.

Тој укажал на важноста од документирање на историјата и едукација на младите генерации за Холокаустот во сите степени од образовниот процес, како и организирање студентски посети на Меморијалниот комплекс во Треблинка.

Директорот на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија информираше за тековните активности, меѓу кои и иницијативата за формирање на едукативен институт во негови рамки, како и за утрешната изложба посветена на еврејските партизани во Скопје, се вели во соопштението од кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова.

 

 

 

 

 

 

 

Најнови вести од: Македонија

Нацрт-ДУП-от за Барутана на Водно нема да се најде пред Советот на Општина Центар, но до кога?!

Донесувањето на нацрт деталниот урбанистички план „Барутана“ е законска обврска на Општината, нагласи градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, и не сакаше попрецизно да објасни за, како што кажа, изречените невистини во врска со овој план.

Групацијата 4iG ги поврзува телекомуникациите и вселенските технологии за нов бран иновации на Западен Балкан

Групацијата 4iG има за цел да стане првата компанија на Западен Балкан која ќе овозможи директно сателитско поврзување со мобилните уреди. Ова го истакна Пал Заранди, претседател на Одборот на директори на „Оне Македонија“ и директор на стратегии во Групацијата 4iG, за време на осмиот Дигитален самит за Западен Балкан, одржан во Херцег Нови. Договорот […]

Водичот Мишелин за првпат ќе ја опфати цела Турција – Националниот избор за 2027 година на 3 декември

Гастрономската понуда на Турција ги поврзува богатите регионални традиции со современите кулинарски пристапи. Националниот избор на Водичот Мишелин ќе им овозможи на патниците подобро да ги запознаат и рестораните што го негуваат традиционалното наследство, но и оние што внесуваат нови идеи во турската кујна.

Преведувачката Соња Должан од Словенија, добитничката на признанието „Блаже Конески“ од МАНУ: Македонскиот јазик сè помалку звучи македонски, оти не се чува!

Меѓународното признание „Блаже Конески“, кое Македонската академија на науките и уметностите го доделува за придонес во афирмација и промоција на македонскот јазик и култура, денеска, на 14 октомври 2026 година, ѝ беше врачено на македонистката од Словенија Соња Должан, која повеќе децении е посветена на превод на македонски автори и нивно претставување пред словенечката јавност.

To top