Македонија

Скопје добива директно авио-поврзување со Дубаи

Посебно беше нагласена улогата на Амбасадата во Обединетите Арапски Емирати, која преку посветена и континуирана работа во изминатиот период придонесе за остварување на оваа цел.

Во текот на работната посета на Обединетите Арапски Емирати, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски оствари средба со главниот комерцијален директор на Флајдубаи, Хамад Обаидала.

На средбата официјално беше потврдено дека од март Флајдубаи ќе воведе директна авионска линија Дубаи–Скопје, со три лета неделно.

Разговорите се фокусираа на можностите што новата авиолинија ги создава за унапредување на економските и трговските односи, привлекување странски инвестиции, како и зајакнување на туристичката и културната соработка меѓу двете земји.

Министерот Муцунски истакна дека воспоставувањето на директната линија е конкретен резултат од водената економска дипломатија и напорите за подобра меѓународна поврзаност на Македонија.

Посебно беше нагласена улогата на Амбасадата во Обединетите Арапски Емирати, која преку посветена и континуирана работа во изминатиот период придонесе за остварување на оваа цел.

Најнови вести од: Македонија

Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ, ете ги „успесите“ на СДС и Филипче

Една од тезите со која Филипче ја манипулира јавноста дека бугарското барање за уставни измени не носи ризици по националниот идентитет е тврдењето дека преговарачката рамка гарантира дека македонскиот јазик ќе стане и еден од службените јазици на ЕУ. Ова е голема манипулација

To top