Трагедија се случила на автопатот Скопје–Тетово. Возач од Гостивар вчеравечер со својот автомобил удрил во мечка, а животното починало од силината на ударот, соопшти Министерството за внатрешни работи.
„На 23 октомври 2026 година околу 22:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека автомобил „Волво“ со гостиварски регистарски ознаки, управуван од 36-годишниот Џ.Д. од Гостивар, удрил во диво животно – мечка.
На местото на настанот бил повикан ветеринар од Зоолошката градина во Скопје, кој констатирал дека животното е починато“, соопшти МВР.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Скопје.
Засега не се соопштени дополнителни информации за околностите под кои мечката се нашла на автопатот.