Македонија

Мисајловски: Партнерството со Полска е основа за унапредување на одбранбената соработка

Двете страни се повикуваат на заеднички евроатлантски вредности

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска оствари средба со потпретседателот на полскиот Сејм, Шимон Холовнија, кој ја предводи полската делегација во рамки на официјалната посета на Македонија.

– Партнерството со Полска, како наш сојузник во НАТО е значајна основа за унапредување на одбранбената соработка и зајакнување на колективната безбедност. Заедничките заложби и посветеноста на евроатлантските вредности придонесуваат за стабилноста и безбедноста на сојузниците.

На средбата разговаравме за поддршката на Полска за европската интеграција на земјите од Западен Балкан, како важен предуслов за долгорочна стабилност, безбедност и просперитет на регионот и на цела Европа – изјави Мисајловски.

Најнови вести од: Македонија

Јанкуловски: Македонија веќе не молчи пред понижувањата од Бугарија околу македонскиот идентитет и јазик, туку бара почит од неа и ЕУ!

„Понижувањето што го трпиме од соседна Бугарија не е само последица на конфликтот околу нашиот идентитет, јазик и култура. Тоа е тактика во дипломатијата. Но, соочени со очекувањето на нови понижувања и свесни дека тие ќе продолжат, новата власт во Македонија бара почит и достоинство во односите со другите држави, и, секако, со Европската Унија. И, замислете, Македонија веќе не молчи пред понижувањата.“ – нагласува универзитетскиот професор д-р Звонимир Јанкуловски во својата колумна со наслов „Понижување и срам – време за достоинство“, која ја објави информативната агенција „Нетпрес“.

Панов: На оспорувањата на македонската историја не одговараме со зборови, туку со историски документи и проверливи факти

Институтот за национална историја денеска ги промовираше резултатите од проектот проектот „Извори за историјата на Македонија – тематска целина религија“. Оваа колективна монографија е замислена како долгорочен макропроект, структуриран во повеќе тематски целини, насочени кон прибирање и критично проучување на историската граѓа за Македонија, проширување на документарната основа и отворање нови истражувачки прашања. Ова го објави „МКД.мк.“

To top