Премиерот Христијан Мицкоски вечерва присуствуваше на изложбата „Револуција во кадар – ВМРО низ фотографии 1893 -1934“, на која се изложени преку 60 оригинални историски фотографии, од кои многу ретки и досега необјавени, од приватните колекции на Диме Ратајкоски и Душко Апостолоски.
„Историјата не е само спомен од минатото, туку аманет за иднината. Народ што ги памети своите корени, ги почитува своите херои и го чува својот идеал, знае кој е и каде оди. Свои на своето“, порача на Фејсбук претседателот на Владата и на ВМРО-ДПМНЕ.