Бизнис

Колку милијарди евра чуваат граѓаните в банка и покрај инфлацијата?!

Заклучно со септември граѓаните и компаниите заедно во банките должат вкупно 9,87 милијарди евра, а поединечно граѓаните должат 4,93 милијарди евра, а компаниите е 4,90 милијарди евра. Компаниите и граѓаните во септември во банките имале депозити во вкупен износ од 11,15 милијарди евра. Од нив на граѓаните се 7,50 милијарди евра.

Граѓаните во земјава чуваат 7,4 милијарди евра, односно 454 милијарди денари во банките, а штедењето бележи раст и покрај економските предизвици и инфлацијата. Според податоците на Македонската банкарска асоцијација и на Народната банка, депозитите на граѓаните на годишно ниво се зголемени за 9,2 отсто, додека орочените депозити бележат раст од 5,7 отсто, објави 4news.mk

Tокму парите на граѓаните се столб на македонските банки, бидејќи учествуваат со најголем дел од вкупните депозити во државата. Истовремено, статистиката покажува дека и во услови на инфлација дел од граѓаните успеваат да одвојат средства и на подолг рок.

Голем дел од средствата не се орочени, туку се наоѓаат на трансакциски сметки, што упатува дека тие се користат за тековни трошоци, сметки и секојдневно преживување, а воедно ја отсликуваат и реалната куповна моќ на населението.

Најнови вести од: Бизнис

Министерство за енергетика: Повеќе од двојно e зголемена наплатата од концесии

Преземаме конкретни мерки за повисоко вреднување на природните ресурси, доследно исполнување на концесиските обврски и поефикасен надзор во рударството. Зголемени се концесиските надоместоци, наплатата во 2025 надмина 1,2 милијарди денари, евидентирани се 53 раскинати концесиски договори, а во 2026 инспекцискиот капацитет е зајакнат со тројца дополнителни инспектори, соопшти Министерството за енергетика.

Зошто знаеме да кажеме: Штедам за „црни денови“, кога секој денар на страна е добивка за убав живот

Штедливоста и рационалниот однос кон парите без оглед на длабочината на џебот, се сметаат за карактеристична особеност на македонските домаќинства. За оваа, веќе традиционална претстава, има и официјална потврда. Парите во банките растат. На личните сметки од граѓаните има 7,51 милијарда евра.

СЕПА: Заштеди од 5 милиони евра, побрзи и поевтини прекугранични плаќања за граѓаните и компаниите, вели Величковски

Вицегувернерот Величковски порачува дека преминот кон инстант плаќањата и усогласувањето со европските регулаторни стандарди не претставуваат само реформа на финансискиот сектор, туку стратешки чекор кој овозможува побрз економски раст и подлабока интеграција на земјата во европските и глобалните текови.

To top