Бизнис

Филипче и СДСМ создаваат терен бизнисмен близок до нив да ја купи ‘Алта банка’

Еден од неколкуте докази што ја поткрепуваат оваа информација е вчерашната прес-конференција на генералниот секретар на СДС, Александар Димитријевиќ, кој побара ПИОМ да не ги исплаќа пензиите на корисниците на „Алта банка“

Заменикот-генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Бране Петрушевски, вели дека е разоткриен планот на Венко Филипче и на СДСМ и дека тоа што со месеци го правеа не беше поради некаков “српски свет“, туку поради бизнис интереси на Филипче и неговиот ментор Заев.

„Целта на Филипче и СДС во случајот со ‘Алта банка’ е да создадат паника и хаос во банкарскиот свет, дека банката е пред распаѓање и дека е неликвидна, за утре ден, близок бизнисмен до Филипче и Заев да ги откупи акциите за багателна цена.

Еден од неколкуте докази што ја поткрепуваат оваа информација е вчерашната прес-конференција на генералниот секретар на СДС, Александар Димитријевиќ, кој побара ПИОМ да не ги исплаќа пензиите на корисниците на Алта банка, со што прави кривично дело според член 315 од КЗ.

Прочитани се. Освен криминал, пари и корупција ништо друго не ги интересира“, вели Петрушевски.

Тој им порачува на граѓаните, да бидат спокојни. бидејќи, како што вели, се’ додека премиер е претседателот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ власт, плати и пензии ќе има, а банки нема да пропаѓаат.

Најнови вести од: Бизнис

Во кои земји трошокот за домување е сериозен товар?!

Во овој индикатор, Евростат ги вклучува киријата или каматата за станбен кредит, трошоците за вода, електрична енергија, гас и греење, како и осигурувањето, одржувањето, поправките и поврзаните даноци. Отплатата на главницата на станбениот кредит не е вклучена.

Kупувањето производи преку кинеските платформи е поскапо за граѓаните на ЕУ – од сега се плаќа и посебна такса

Доколку купувачот нарача маица, паричник, слушалки и шише вода во една пратка, само 12 евра ќе одат на фиксната царинска давачка, односно три евра за секој артикл.

To top