Хроника

Скопјанка пријавила вознемирување во приватна медицинска установа

Полицијата преземува мерки за целосно расчистување на случајот

Дваесет и деветгодишна скопјанка пријавила дека била допирана по телото и вознемирувана во приватна здравствена установа. Пријавата е поднесена синоќа во 20:40 часот во СВР Скопје.

Според наводите на жената, инцидентот се случил во приватна здравствена установа на подрачјето на Карпош, каде што Д.Н. ја допирал по телото и ја вознемирувал.

Од полицијата соопштија дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. Дополнителни детали засега не се објавени.

Најнови вести од: Хроника

Прифатена гаранција од 1,1 милион евра и укинат притвор за Перпарим Бајрами од Лотарија, притворот истекува за 5 дена

Првообвинетиот во случајот „Лотарија“, Перпарим Бајрами, ќе биде пуштен од притвор откако Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје ја прифати понудената гаранција од 1.140.781 евро во недвижен имот.

А.И. (53) пријавил во полиција дека не добил помош од дежурен лекар во Ургентниот центар во Гостивар, иако имал болки, и бил отстранет со обезбедување!

Како што соопштија од СВР Тетово, А.И. (53) од Гостивар вчера во 00:30 часот го пријавил случајот во Полициската станица во Гостивар.

To top