Свет

Градоначалникот на Крк освои 9-ти мандат

Градоначалникот на Крк, Даријо Василиќ, ќе остане на таа позиција во следните четири години, по победата на вчерашните локални избори во Хрватска.. Ова ќе биде деветти мандат на Василиќ како шеф на градот. Тој владее со Крк од 1993 година. Во првиот круг од изборите, тој го победи единствениот противник, членот на ХСЛС, Зоран Мергел. […]

Градоначалникот на Крк, Даријо Василиќ, ќе остане на таа позиција во следните четири години, по победата на вчерашните локални избори во Хрватска..

Ова ќе биде деветти мандат на Василиќ како шеф на градот. Тој владее со Крк од 1993 година.

Во првиот круг од изборите, тој го победи единствениот противник, членот на ХСЛС, Зоран Мергел. Василиќ доби 1.957 гласови, а Мергл 282 гласа. На изборите излегоа 38,33 проценти од гласачите.

Василиќ е роден во 1966 година во Риека. Дипломирал математика и информатика на Филозофскиот факултет во Риека по што работел во основно училиште како наставник по математика и информатика.

Политичка кариера ја започнал на локалните избори во 1993 година, кога бил избран за советник во Градскиот совет на градот Крк.

Парламентарното мнозинство го избра за градоначалник на градот Крк истата година, што го направи најмладиот градоначалник во Хрватска.

Од 2001 до 2003 година, тој беше и пратеник во парламентот.

Најнови вести од: Свет

Бројот на мртви во Иран се мери во илјадници, се користи сила без преседан, тврди Би-Би-Си

Американската новинска агенција Human Rights Activists News Agency (HRANA), која повеќе од 20 години ги следи протестите во Иран, наведува дека се убиени најмалку 2.000 луѓе, од кои 1.850 демонстранти. Претставници на агенцијата вчера изјавија дека дотогаш идентификувале околу 500 жртви и додадоа дека се уапсени повеќе од 16.000 демонстранти.

Европа се вооружуваа: „Ѕидови од дронови“ околу Русија

Европската Унија се соочува со најголемиот безбедносен предизвик од крајот на Студената војна: целосната руска инвазија врз Украина, комбинирана со намалена доверба во посветеноста на САД кон НАТО и континенталната безбедност.

To top