Бизнис

Доларот слабее, еврото зајакнува – како да ги заштитите инвестициите?!

Доларот неделава ослабе на глобалните пазари: индексот DXY падна под 99 поени, на еврато му отстапи простор до околу 1,165 за долар. Причините се мешавина од геополитика и монетарна политика – тензии во трговијата САД–Кина, сигналите за понатамошни намалувања на каматите на Федералните резерви и „затемнувањето“ на американските макроподатоци поради владин застој.

Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американскиот долар во однос на шесте главни светски валути, падна за 0,3 проценти минатата недела, на 98,54 поени. Доларот ослабе за 0,3 проценти во однос на европската валута, па курсот на еврото достигна 1,1655 долари. Американската валута ослабе и во однос на јапонската, за 0,4 проценти, па цената на доларот се лизна на 150,60 јени.

Во Европа, ЕЦБ засега мирува по агресивниот циклус на сечење камати до јуни и испраќа пораки дека натамошни сечења се сè помалку веројатни, што му додава тон на стабилност на еврото.

Трговска војна меѓу Кина и САД

Доларот е под притисок откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе воведе 100-процентни царини за Кина од 1 ноември, како и други мерки, пред десет дена, откако Кина го ограничи извозот на ретки минерали.

Кина најави контрамерки доколку Трамп ги спроведе своите најави, но во последните денови Трамп ја ублажи својата реторика.

Доларот ослабе и поради знаци на проблеми во регионалните банки во САД. Покрај тоа, се очекува дека, по намалувањето во септември, американската централна банка ќе ги намали каматните стапки за 0,25 процентни поени уште двапати до крајот на годината, бидејќи американскиот пазар на трудот не е во најдобра состојба. Ова ќе ја намали разликата меѓу каматните стапки во САД и еврозоната, со оглед на тоа што во текот на изминатата година Европската централна банка ги намали каматните стапки поостро од ФЕД.

Еврото се стабилизираше минатата недела и поради делумното ублажување на политичката криза во Франција, по неодамнешната неочекувана оставка на владата.

Најнови вести од: Бизнис

Во кои земји трошокот за домување е сериозен товар?!

Во овој индикатор, Евростат ги вклучува киријата или каматата за станбен кредит, трошоците за вода, електрична енергија, гас и греење, како и осигурувањето, одржувањето, поправките и поврзаните даноци. Отплатата на главницата на станбениот кредит не е вклучена.

Kупувањето производи преку кинеските платформи е поскапо за граѓаните на ЕУ – од сега се плаќа и посебна такса

Доколку купувачот нарача маица, паричник, слушалки и шише вода во една пратка, само 12 евра ќе одат на фиксната царинска давачка, односно три евра за секој артикл.

To top