Бизнис

Гувернерот замина во Лондон да ги провери македонските златни резерви во трезорот на Банката на Англија

Славески оствари повеќе работни средби со високи претставници на Банката на Англија, меѓу кои и со гувернерот Ендрју Бејли, со главниот економист на Банката на Англија, Хју Пил, и со заменик-гувернерката Сара Бриден.

Гувернерот на Народната банка Трајко Славески оствари работна посета на Банката на Англија во Лондон, за засилување на билатералната соработка и за размена на експертски искуства со една од најстарите и најзначајни централни банки во светот, информира Народна банка.

Славески во рамки на престојот го посети и трезорот на Банката на Англија каде што се чуваат македонските златни резерви. 

  • „Особено значаен дел од агендата беа активностите поврзани со управувањето со златните резерви. Во тој контекст, беше организирана посета на трезорот на Банката на Англија, каде што Народната банка ги чува резервите во монетарно злато, заради подобро запознавање и увид во оперативните процедури за чување и ракување со монетарното злато, сигурносната заштита и во можностите коишто Банката на Англија ги нуди за пристап до пазарот за злато во Лондон, како најголем светски пазар преку шалтер на овој благороден метал“, соопшти Народна банка.

Славески оствари повеќе работни средби со високи претставници на Банката на Англија, меѓу кои и со гувернерот Ендрју Бејли, со главниот економист на Банката на Англија, Хју Пил, и со заменик-гувернерката Сара Бриден.

На средбите се разговараше за актуелните предизвици во спроведувањето на монетарната политика и за технолошките иновации во секторот на финансии. Славески уште при назначувањето за гувернер на Народна Банка најави дека ќе направи увид на златните резерви кои се чуваат во Банката на Англија.

Најнови вести од: Бизнис

Македонија лани беше во првите пет во Европа на растот на БДП, во време на СДСМ бевме последни, рече премиерот

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во интервју за ТВ Ора 24, зборувајќи за изградбата на коридорите 8 и 10Д и за другите инвестиции и во релација со економијата посочи на факти за раст на БДП, според кои и 2024 и 2025 година Македонија е во првите 5 во Европа според растот на БДП, за разлика од минатата влада кога Македонија по овој параметар беше последна во регионот.

Азески на состанок на Советодавниот одбор на Економскиот факултет при Универзитетот во Љубљана

Азески, како член на Советодавниот одбор, тело составено од истакнати бизнис-лидери, експерти и професори, зеде активно учество во дискусијата на денешниот состанок  посветена на  долгорочната стратегија на институцијата и предизвиците околу наставните методи на учење во новата ера кога интензивно се користи вештачката интелигенција, која треба паметно да се искористи во насока на унапредување, а не на уназадување на аналитичкото и критичкото размислување на младите генерации дипломци и постдипломци.

Колку работниците ќе излезат на улица на толку ќе им ги зголемат платите, велат од ССМ

Сите патишта водат кон Скопје, рече претседателот на Сојуз на синдикати на Македонија, Слободан Трендафило и ги повика работниците од целата држава да се приклучат на протест во Скопје за повисоки плати и подобар работнички стандард. Големиот работнички протест, како што рече почнува во 12:05 минути пред зградата на ССМ, а барањата остануваат исти – минимална плата од 600 евра и зголемување на сите работнички плати за 6.000 денари.

ТИТАН Усје: Продолжувањето на А–интегрираната еколошка дозвола се одвива согласно законот и во соработка со надлежните институции

При подготовката на апликацијата за продолжување на дозволата, компанијата во целост ги следи обврските и условите што произлегуваат од законските и подзаконските акти и соработува со сите надлежните институции

Нафта скокна над 100 долари за барел, се стравува од нов шок

Цената на нафтата од ноќеска повторно се искачи над 100 долари за барел, неколку дена откако го достигнаа максимумот. Од бизнис еснафот стравуваат од можни ценовни шокови, односно ако кризата продолжи, тоа ќе влијае врз глобалните залихи на гориво.

To top