Бизнис

МБА: Се ближи примената на новите стандарди во националниот платен промет – новините не значат промена на постојните платежни сметки

МБА ги охрабрува граѓаните и компаниите навремено да ги следат известувањата и практичните упатства што ќе ги објавуваат нивните банки во однос на новите платни налози, користењето на ИБАН и другите промени поврзани со примената на новите стандарди.

Македонската банкарска асоцијација ја информира јавноста дека во текот на месец ноември започнува примената на  донесените регулаторни промени со кои се воведуваат промени во платните налози, ознаките за целта на плаќањето и начинот на означување на платежните сметки. Промените произлегуваат од Законот за платежни услуги и платни системи и од соодветните подзаконски акти на Народната банка на Македонија. Нивното започнување на примена е поврзано со модернизацијата на  платните системи во земјата.

За граѓаните и компаниите, најважно е дека бројот на нивната сметка не се менува. При плаќање, платежната сметка ќе се користи во ИБАН – формат, односно со додавање на ознаката МК07 пред постојниот број на сметката. Приспособувањето во електронското и мобилното банкарство ќе го направат банките.

Ќе започнат со примена и нови, стандардизирани платни налози, кои ќе ги заменат досегашните обрасци ПП10, ПП30, ПП40, ПП50 и ПП53. Новите обрасци ќе се користат и во хартиена и во електронска форма. Промена има и кај ознаките за целта на плаќањето. Досегашните нумерички шифри ќе бидат заменети со нови четиризнаковни ознаки, со што ќе се овозможи попрецизно наведување на намената на плаќањето и подобра обработка на податоците.

Компаниите кои користат автоматизирана размена на налози, сметководствени и или други интегрирани решенија, кај кои може да бидат потребни соодветни приспособувања, ќе бидат информирани од страна на банките, согласно законските рокови и насоките од регулаторот. Промените се дел од процесот на понатамошно стандардизирање и модернизирање на националниот платен промет, подобрување на квалитетот и структурираноста на податоците и создавање услови за поефикасна обработка на платежните трансакции.

Банкарскиот сектор во изминатиот период презема активности за техничко и организациско усогласување со новите стандарди, со цел нивната примена да се одвива непречено и без прекини за корисниците на платежни услуги. МБА ги охрабрува граѓаните и компаниите навремено да ги следат известувањата и практичните упатства што ќе ги објавуваат нивните банки во однос на новите платни налози, користењето на ИБАН и другите промени поврзани со примената на новите стандарди.

Најнови вести од: Бизнис

Овозможени уплати за комуналии и отплата на кредити – реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ во Битола, Струмица и Тетово

Народната банка потсетува дека од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Вицепремиерот Николоски: Новата инвестиција на „АСП-ПАК“ донесува развој и нови можности за Охрид

Нов производствен капацитет на компанијата „АСП-ПАК“ ДООЕЛ беше отворен во Охрид, инвестиција која, според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, претставува значаен придонес за развојот на локалната економија и индустријата во земјава.

ЕУ повика Македонија да се усогласи со политиките за критични суровини

Македонија сè уште треба да се усогласи со Директивата за критични суровини, како и да изготви и усвои соодветна легислатива за да се интегрира во синџирот на вредности на ЕУ за критични суровини, пишува во последниот Извештај на Европската комисија посветен на земјава.

To top