Бесијан Мустафа, пратеник од Демократската лига на Косово (ЛДК), во објава на Фејсбук ѝ го дава македонскиот пример на Владата на Албин Курти за начинот на кој може да се излезе на крај со растот на цените на нафтата поради војната на Блискиот Исток.
„Македонија, каде што нафтата чини 1,55 евра, вчера ја намали акцизата за 7 центи, а пред две недели го намали ДДВ-то од 18% на 10%.
Косовската влада не ги намали ниту акцизата ниту ДДВ-то, иако цената е 1,85+.
Не оставајте го Албин сам! Колку се повисоки цените, толку повеќе луѓе гласаат за вас!“, напиша Мустафа како реакција за цената од 1,86 евра за литар дизел во Косово.