Македонија

Математичкиот гениј Македон дел од денешната расправа, посветена на улогата на вештачката интелигенција во образованието

Подигнување на свеста на општеството за значењето на знаењето и за значењето на наставниците е целта на последната панел-дискусија во рамките на кампањата „Магијата е во знаењето“ на тема „Училницата на иднината: вештачката интелигенција, знаењето и новата улога на наставникот“. Ова денеска го истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска, која рече дека денешната тема е вештачката интелигенција (ВИ) и дека нивна цел како Влада и како Министерство за образование и наука е да ја воведат во секојдневниот живот на учениците и наставниците, но исклучително внимателно со користење на етичките принципи затоа што секоја нова технологија носи многу добри страни и ризици.

Партијата на Македонците бара албанските власти да обезбедат судење на македонски јазик во Албанија

Се бара да се гарантира правото на лице кое припаѓа на национално малцинство да се брани на својот мајчин јазик во текот на судска постапка во Република Албанија

„30 години на европскиот пат: Односите Македонија-ЕУ и патот напред“

Се одбележат две значајни пресвртници во односите меѓу нашата држава и Европската Унија: 30 години од воспоставувањето дипломатски односи и 25 години од потпишувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација

Кои ги злоупотребувале боледувањата?! ФЗОМ се мисли дали породилното да се продолжи на 12 месеци?!

Фондот за здравствено осигурување ги претстави резултатите од работењето. Едно е сигурно, потребно е многу повеќе да се направи, и за развој и за корекција на аномалиите на системот за здравствено осигурување. ФЗОМ се мисли дали породилното да се продолжи на 12 месеци?!

To top