Македонија

Јаневска: Синот на пратеникот Милошоски не добил стипендија од МОН!

Министерството за образование и наука не доделило државна стипендија на синот на пратеникот Антонио Милошоски, изјави денес министерката за образование и наука Весна Јаневска, одговарајќи на новинарско прашање во врска со објавите на социјалните мрежи дека синот на пратеникот добил државна стипендија од МОН за студирање во странство, на универзитет во Мадрид.

Во велешката касарна на АРМ одбележана 65-тата годишнина од смртта на Алексо Демниевски- Бауман – Без една нога со 15 Македонски корпус на Сремскиот фронт!

Во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ на Армијата на Републикa Македонија, каде што е сместена Командата за обука и доктрини на Армијата на Република Македонија, денеска по вторпат беше одбележан 5 Септември – Денот на патронот Алексо Демниевски Бауман, велешанец, кој бил шпански борец и командант на Сремскиот фронт во завршните операции за ослободување на Југославија. Тој го завршил животот го завршил како генерал-потполковник во југословенската армија. Починал на на 5 септември 1961 година во Белград. Бил роден во Велес на 10 септември во 1905 година. Ова го објави Македонската информативна агенција – МИА.

Муцунски во Киев: Границите не можат да се менуваат со сила, Македонија стои со Украина!

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска на покана на украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха престојуваше во еднодневна посета на Украина.

Мицкоски: СДСМ-ДУИ беа бандитска власт, сега се бандитска опозиција! – Знаат само за арамилак, ништо за економија!

„Опозицијата нема познавања од економија, само арамилакот и крадењето на народот им е во нивната политичка матрица!“ – нагласи претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски.

ОКТА ги пушти во употреба првите системи за батериско складирање на енергија, означувајќи нова пресвртница во својата транзиција кон одржлива енергија

ОКТА отвора ново поглавје во својата енергетска транзиција со пуштањето во употреба на првите два контејнери за батериско складирање на енергија, со моќност од 4 MW, како дел од планираниот проект за батериско складирање. Интегриран со фотоволтаична централа на компанијата со инсталирана моќност од 12 MW, новиот систем овозможува електричната енергија произведена од обновливи извори да се складира и да се користи во периоди кога побарувачката и пазарните услови се најоптимални.

Генералниот директор на „Алкалоид“ меѓу највлијателните во регионот

Генералниот директор и претседател на Управниот одбор на фармацевтскиот гигант АД „Алкалоид“ од Скопје се најде на 38. место на листата на најбогати луѓе во регионот, а неговото богатство белградскиот магазин „Недељник“ го процени на 651.330.000 евра

ТАВ Аеродроми: Меѓународниот Аеродром Скопје официјално ја доби наградата ASQ за „Најпријатно аеродромско искуство во Европа“ на Глобалниот самит за патничко искуство на ACI во Истанбул

Меѓународниот Аеродром Скопје, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на Групацијата АДП, официјално ја доби престижната награда за квалитет на аеродромски услуги (ASQ) за 2025 година во категоријата „Најпријатно аеродромско искуство во Европа“ од Меѓународниот совет на аеродроми (ACI World). Наградата беше доделена за време на Глобалниот самит за патничко искуство на ACI што се одржа во Истанбул на 2 септември 2026 година.

To top