Македонија

(Фото): Ноќна дезинсекција на критични точки во Карпош

Стручните екипи од Центарот за јавно здравје во соработка со Скопје и Карпош спроведоа дополнително теренско прскање против комарци и ларви, во насока на ефикасно справување со западно – нилската треска. Се изврши темелна дезинсекција на неколку критични точки низ општината.

Стручни екипи од Центарот за јавно здравје, во соработка со Град Скопје и Општина Карпош, спроведоа дополнителна теренска дезинсекција против комарци и нивните ларви.

Акцијата се реализираше во текот на ноќта на неколку критични точки во општината, каде што е забележано зголемено присуство на инсекти. Дезинсекцијата опфати локации на улицата Ловќенска 4 во населбата Козле и на улицата Скупи 8 во Бардовци.

Од надлежните служби информираат дека досега се реализирани седум теренски прскања на подрачјето на Скопје и Општина Карпош, со посебен фокус на местата каде што има поголема концентрација на комарци.

Активностите се спроведуваат како дел од мерките за намалување на бројот на комарци и превенција од заболувања што може да ги пренесуваат овие инсекти, вклучително и западнонилската треска.

Општина Карпош најавува продолжување на координираните акции за дезинсекција со цел намалување на присуството на комарци и поголема заштита на граѓаните.

Најнови вести од: Македонија

Ристески: Дигитализација и иновациите во производствените капацитети се неопходни за компаниите да опстанат и да бидат конкурентни на меѓународниот пазар

Годишната индустриска конференција „MANUFACTURING 2026 – Трансформација кон иновации“ е во организација на Македонското здружение на металната и електроиндустријата (MAMEI), Стопанската комора на Македонија и Европскиот дигитален иновациски хаб – ДигитМАК

Туристички бум во Турција: Рекордни приходи од туризмот од 51,3 милијарди долари во првите девет месеци од годинава

Вкупниот број посетители во Турција во наведениот период достигнал 49,1 милион. Руската Федерација со 5,70 милиони посетители, Германија со 5,17 милиони и Обединетото Кралство со 3,20 милиони посетители останаа трите најголеми туристички пазари за земјата.

To top