Македонија

Клековски: Дијабетичарите се третираат со трета генерација инсулин

Владата работи на разрешување на дефицитот на сензори

Најголем број од пациентите со дијабетес во моментот се третираат со трета генерација инсулин и споредено со регионот и со минатото тоа е голем напредок, истакна денеска генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, одговарајќи на новинарско прашање по повод 14 ноември, Светскиот ден на дијабетесот.

– Пациентите имаат право да бараат уште. Мислам дека Владата работи да се разреши дефицитот на сензори во скора иднина. Од 2027 година дијабетесот ќе стане дел од работата на Фондот за здравствено осигурување и од сега се подготвуваме, имаме една година цела да се подготвиме да обезбедиме систем каде со соодветните критериуми сите ќе бидат згрижени, рече Клековски по настанот по повод одбележувањето 25 години од осамостојувањето и континуираното работење на Фондот.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

To top