Македонија

Милијардерот Марковски сепак оди во ефективен притвор, последните вести од Битола лоши за бизнисменот кој заработи стотици милиони евра

Судот ги прифати позициите на Обвинителството

Последните вести од судот во Битола укажуваат на ефективен притвор за милијардерот Борче Марковски кој се гони за незаконски дејствија при учество на тендери во гигантот РЕК Битола.

Извори во кривичниот суд во Битола неофицијално тврдат дека судот ја прифатил позицијата на Јавното обвинителство според кое постои опасност за процесот доколку Борче Марковски не биде обезбеден со ефективен притвор.

Сопственикот на фирмата “Марковски компани” кој во последниве години заработи стотици милиони евра од тендери РЕК се очекува да биде за кратко испорачан во ефективен притвор.

Преходно вчера судот во Битола определи домашен притвор за двајца осомничени за кои битолското обвинителство отвори предмет за злоупотреби при јавни набавки во РЕК Битола.

На оваа одлука се жалеше Обвинителството по што судот денеска го испраќа Марковски во затворски притвор.

Обвинителството го гони бизнисменот Марковски, поранешниот директор на РЕК Битола Пеце Матевски и уште неколкумина други поранешни раководители во РЕК за местење тендер вреден 100 милиони денари или 1,6 милиони евра, кој бил платен од државниот буџет.

Најнови вести од: Македонија

Во Салцбург основана нова македонска православна црковна општина „Св. Архангел Михаил“

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина, откако митрополитот европски Пимен даде благослов за нејзино основање во рамките на Европската епархија на Македонската Православна Црква

Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае

Таа посочи дека „Браќа Манаки“ одамна не е само фестивал, туку и културна институција со препознатлив меѓународен авторитет, докажан културен идентитет и долг, духовен и емоционален мост што ја поврзува македонската и балканската кинематографија со светската

To top