Македонија

Муцунски: Филипче од една страна зборува за уставни измени, од друга за откажување од преговорите ако има ново вето

Ваквите ставови носат неизвесност за државата

Од нас нема да слушнете едно пред камера, а друго зад затворени врати. Тоа е суштината на довербата – да бидеме исти и во зборовите и во делата. Тука е и најголемата противречност кај Венко Филипче: од една страна зборува за уставни измени, од друга страна за откажување од преговорите ако има ново вето. Таков пристап не носи сигурност, туку неизвесност за правецот во кој треба да оди државата, напиша на Фејсбук министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

Изминатите години видовме што значи политика на брзи потези и празни ветувања. СДС и ДУИ со секое ветување отвораа надеж, а со секој притисок ја поништуваа таа надеж. Заедничките документите што се носеа во Собранието не донесоа сила, туку слабост – беа дерогирани веднаш штом ќе се појавеше предизвик.

Нашиот пат е поинаков. Работиме на решенија што носат траен напредок – не на блокади што се повторуваат. Подобро е да покажеме трпение и мудрост, отколку да направиме потег кој утре ќе биде уште поголем товар за државата. Тоа е државнички пристап: да мислиме на денес, на утре и на задутре.

Има уште една важна разлика. За нас европската иднина не е празна фраза – таа значи борба против корупцијата, модерна администрација, дигитализација, инвестиции во патишта, инфраструктура и нови можности за граѓаните. Ние веруваме дека резултатите дома создаваат почит надвор.

Токму затоа сме решени да обезбедиме европска иднина која ќе биде достојна, одржлива и прифатлива за сите. Тоа го заслужува македонскиот народ.

Најнови вести од: Македонија

„Н.М.“: Македонија има причина да биде во Европа, со свој идентитет и јасно дефинирани македонски интереси, но не безусловно!

Исландскиот референдум не треба да биде лекција против Европската Унија, туку лекција за самодоверба во преговорите. Исланѓаните не рекоа: „ЕУ не ни треба“. Тие рекоа: „Ние ќе одлучиме кога, како и под кои услови ќе разговараме за нашата иднина“. Тоа е демократска зрелост. И токму таква зрелост ѝ треба на Македонија. Не да му каже „не“ на Брисел. Но ниту автоматски да кажува „да“ на секое барање. Туку да научи да кажува: „Ова е нашиот интерес. Ова можеме да го прифатиме. За ова можеме да преговараме. А ова не можеме да го прифатиме“. И тоа да го каже аргументирано, мирно и европски. Ова се нагласува во анализата со наслов „Македонија има причина да биде во Европа, но како своја и со својот изворен идентитет и карактер“, која е објавенма денес „Нова Македонија“.

Мицкоски: Македонија е отворена за нови инвестиции и партнерства, кои ќе ја засилат економската соработка со Унгарија

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска од Будимпешта порача дека Македонија е отворена за нови инвестиции и партнерства, нагласувајќи дека економската соработка со Унгарија има значителен потенцијал за раст.

Да беше жив Јонче ќе го соблечеше палтото – Карерас пееше една од неговите легендарни песни

Изведбата на Карерас на антологиската песна, оригинално создадена од Јонче Христовски, предизвика огромни овации, силни емоции и воодушевување кај многубројната публика на преполниот плоштад ,,Македонија”

Најнови вести

To top