Македонија

Муцунски и Ландау ја реафирмирале заедничката определба за силно и долгорочно партнерство

Шефот на македонската дипломатија и американскиот заменик-државен секретар размениле мислења за состојбите во регионот и за европската интеграција

Во рамките на работната посета на Вашингтон како предводник на македонската делегација на втората сеија од Стратешкиот дијалог САД – Македонија министерот за надвофрешпни работи Тимчо Муцунски се сретна со американскиот заменик-државен секретар Кристофер Ландау.

Ја реафирмиравме заедничката определба за силно и долгорочно партнерство, засновано на безбедност, слобода и демократски просперитет. Втората сесија на Стратешкиот дијалог претставува важен исчекор во унапредувањето на билатералните односи.

Фокусот го ставивме на конкретни области на соработка – од одбраната и НАТО партнерството, до економијата, енергетиката и регионалната поврзаност, со јасна цел: придобивки за граѓаните на двете земји.
Разменивме мислења и за состојбите во регионот и европската интеграција, при што беше нагласена важноста од континуираниот ангажман на САД како клучен фактор за стабилноста на Западен Балкан“, „рапортира“ Муцунски од Вашингтон.

Најнови вести од: Македонија

Средба на Гаши со поранешните претседатели на Собранието

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска одржал средба со досегашните претседатели на законодавниот дом Тито Петковски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески кои информирал за процесите на донесување на нов етички кодекс за пратениците и на дигитализација на целокупното работење на Собранието, што почна да се применува од 1 јануари оваа година. Укажал на значењето на дигитализацијата на видео записите од седниците на Собранието почнувајќи од првиот состав на Собранието по независноста на државата

Кило по кило – Од Грчец, директно во Струмица: Полицијата разби голема кокаинска мрежа

Како на фабричка лента – скопјанец се грижел кокаинот во килограми да стигне во Македонија, а од тука во помали пакувања до Струмица, Штип и другите градови. Таму ја пречекувале други дилери кои биле задолжени за продажбата на мало по македонските улици директно до наркозависниците. Шемата била добро разработена, бизнисот цветал, а трагите се бришеле […]

To top