Македонија

Потенцијално прислушуван новинар бара АНБ да каже кои новинари се прислушувани од тајната служба

Меѓу редови открива кој бил негов кодош

Еден од македонските новинари кои е гонет на суд од страна на Тајната служба и со тоа р потенцијално прислушуван новинар бара АНБ да каже кои новинари се прислушувани од тајната служба.

По денешниот брифинг на АНБ во кој е откриено дека е поднесена кривична пријава до директор за следење Љупчо Златев бара да биде јавно објавено кои новинари се следени.

,,Мислам дека е фер, кога веќе поднеле кривична пријава против екс директор за истото, од АНБ да соопштат кои новинари се следени.

Јас од свиркачи, уште од многу оддамна знам дека сум следен најмалку четири години.

Си ги знам и кодошите кои константно давале лажни информации за да продолжи следењето – еден е во затвор за убиство на дете и старец.

Сакам јавно да се објави, не затоа што сакам да добивам некаква јавна потврда за мојата работа – туку за да земам оштета од државата. Не може системски да репресираш чесен граѓанин, без да платиш оштета и за истото да соработуваш со убијци”, пишува Златев.

Кој може да заврши во затвор за оваа афера на овој ЛИНК

 

Најнови вести од: Македонија

Средба на Сиљановска-Давкова со Копман од ЕК: Потребно е забрзување на евроинтеграцијата во услови на блокади

Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на работната посета на Брисел денеска оствари средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST) на Европската комисија.

Мицкоски – Вуст: Македонија и Северна Рајна-Вестфалија ќе ја продлабочуваат економската соработка, можности за нови инвестиции

Продлабочување на економската соработка, привлекување нови инвестиции и унапредување на партнерството меѓу Македонија и германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија биле во средиштето на вниманието на работната средба на премиерот Христијан Мицкоски со премиерот на оваа германска покраина Хендрик Вуст.

(Фото): Турција ги претстави вратените 100 бесценети културни артефакти од САД

Враќањето на овие артефакти отвора нови можности за научни истражувања. Археолошките ископувања во Бубон, обновени во 2023 година, продолжуваат под координација на Археолошкиот музеј во Бурдур, со учество на турски археолози.

Силјановска-Давкова: Македонија бара суштински и рамноправен дијалог со ЕУ, еднаков третман со другите земји-кандидатки

Денеска во Брисел учествував на Самитот за проширувањето на Европската Унија, во организација на „Јуроњуз“, напиша Гордана Сиљановска Давкова, претседател на Република Македонија, на Фејсбук. Таа наведе дека македонската држава очекува еднаков третман со другите земји кандидатки, заснован врз примена на истите правила и стандарди. Според неа, потребен е суштински дијалог меѓу Европската Унија и земјите кандидатки, во којшто и двете страни ќе имаат можност да ги изнесат своите аргументи.

Ослободителна пресуда за Бојан Јовановски-Боки 13 по пет години судење за предметот „Меѓународен сојуз“

Апелацискиот суд во Скопје донесе ослободителна пресуда за Бојан Јовановски-Боки 13 во предметот „Меѓународен сојуз“, со што ја преиначил првостепената пресуда со која тој беше осуден на пет години затвор. Информацијата ја објави неговиот адвокат Сашко Дуковски. Ослободени се и другите кои беа обвинети во истиот случај.

Најнови вести

To top