Македонија

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Чешката Република

Претседателката укажала на правната, политичка и етичка неодржливост на толерирањето на непочитувањето на европските принципи и вредностите, утврдени во конститутивните акти на ЕУ од нејзини членки

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Чешката Република, Ирена Гецова. На средбата беше потврдено пријателството меѓу двете земји, коишто од 1994 година континуирано ги унапредуваат билатералните односи и го засилуваат партнерството во меѓународните институции и организации, објави кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Претседателката препознава потенцијал и можност за интензивирање на односите во економијата, со што се согласува и амбасадорката, посочувајќи ги областите на безбедноста, бизнисот и образованието како предизвик за поширока и подлабока соработка и поголема комуникација меѓу чешките и македонските граѓани.

Сиљановска-Давкова изразила уверување дека плодното дипломатско искуство на амбасадорката Гецова, како и нејзиното одлично познавање на регионот ветуваат дека сме на прагот на отворање ново поглавје во македонско-чешките односи.

Таа се заблагодарила за искрената и принципиелна поддршка на Чешката Република на нашиот долг и тежок пат кон Брисел.

Водена од актуелните геополитички предизвици, Сиљановска-Давкова ја акцентираше важноста од интегрирањето на Западен Балкан во ЕУ, не само од географски, историски и културни причини, туку и како сигурна гаранција за европската безбедност, стабилност и отпорност на несакани и непредвидливи влијанија.

Претседателката, исто така, укажа на правната, политичка и етичка неодржливост на толерирањето на непочитувањето на европските принципи и вредностите, утврдени во конститутивните акти на ЕУ од нејзини членки, наши соседи, иако подршката од нив би требало да биде најголема.

Според неа, мора да се стави крај на неевропското блокирање на нашите преговори, односно на злоупотребата на ветото во функција на билатерализација на преговарачкиот процес, инспирирана од намерата за ревизија на историјата преку диктирање ирационални услови, врзани за оспорување на идентитетот на македонскиот, или било кој друг балкански народ.

Сиљановска-Давкова, преку новоименуваната амбасадорка му упати покана на чешкиот претседател да нѐ посети.

На крајот, на амбасадорката Гецова и посака добро здравје и успешно извршување на благородната и одговорна функција што ја има, се вели во соопштението од кабинетот на претседателката.

Најнови вести од: Македонија

Хориха: Македонијо, ти благодарам за љубовта и довербата! Ти стана за мене многу повеќе од само една земја!

Украинскиот ракометар Дмитро Хориха и официјално доби право да настапува за македонската машка ракометна репрезентација. Тој испрати посебна порака до земјата во која, како што вели, веќе не ја гледа само средината во која живее и игра ракомет. „Ти благодарам, Македонијо, за довербата, за љубовта и за тоа што стана многу повеќе од само една земја за мене.“, порача Хориха.

(Видео): Филипче и Герасимовски молчат, додека граѓаните алармираат за изградба во близина на главна водоводна цевка, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Жителите на улицата „Партение Зографски“ на Водно алармираат за градежни активности во непосредна близина на главната водоводна цевка и стравуваат од можни оштетувања и проблеми со водоснабдувањето. Се бара итен инспекциски надзор и одговори од Општина Центар за контролата на изградбата и безбедноста на водоводната инфраструктура.

(Фото): Кога талентот има поддршка, успесите немаат граници – Четири години заедничка приказна на „Триглав“ со Македон Димитровски

За знаењето и талентот не постојат граници, ниту пак години. Македон Димитровски, момчето чие име веќе години наназад е синоним за вонсериски математички ум и гордост на нашата земја, продолжува да реди успеси и да го потврдува својот исклучителен потенцијал на домашната и меѓународната сцена.

To top