Македонија

Сиљановска-Давкова: Боли егзодусот на најдобрите лекари

Да ја препознаеме и признаеме нивната извонредност

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на свеченото одбележување на 80-годишнината од постоењето на Македонското лекарско друштво, што вчеравечер се одржа во Македонскиот народен театар во Скопје.

Таа упати честитки по повод значајниот јубилеј и потсети дека улогата на Македонското лекарско друштво, како претходник на Медицинскиот факултет, зачетник на медицинската едукација и иницијатор и основач на Лекарската комора, е важен дел од историјата на здравствениот систем во државава.

За неа, јубилејот означува осум децении макотрпна и посветена работа, континуирана, силна поддршка на здравството и на лекарската професија, храбра борба за поздрави граѓани, за функционална и ефикасна здравствена заштита, за пристојно здравство.

Сиљановска-Давкова истакна дека егзодусот на најдобрите лекари, медицински сестри и друг медицински кадар е тешка општествена болест и укажа на итната потреба од негово лекување, преку одлучна битка за задржување на најдобрите дома, во македонските здравствени установи како нејефикасен здравствен процес за надминување на опасната криза на недостиг на кадар, нужен за подобрување на нарушеното здравје на нацијата.

Според неа, мора да знаеме дека здравјето не цвета во разорено и дезорганизирано општество, ниту во партизиран и политизиран здравствен систем во којшто, прети опасност да зацарува профитната логика, па здравствената услуга да се купува и продава, пациентите да не се третираат како личности, а некои лекари да ја заборават светата Хипократовата заклетва.

„Здрави граѓани се раѓаат и развивааат во здрави држави и здрави општества, во коишто болеста се превенира со здрав животен стил во здрава животна средина, со загарантирана здравствена и социјална заштита, со посебна грижа за децата и за семејството, но и со адекватен здравствен работен амбиент”, рече таа.

За претседателката, лекарската професија останува најпочитуваната, најхумната, најпосакуваната.

Таа им упати длабока благодарност на сите лекари за секој спасен живот, секоја победена болест, секој излекуван пациент и изрази восхит кон нив за решеноста и способноста стоички и достинствено да го носат товарот на професијата.

-Здравствената заштита е темелот и столбот на едно општество. Нема здрава нација, без навремена, сигурна и соодветна грижа за пациентите, овозможена во соодветни и подготвени здравствени установи, но и стручен, професионален и етички персонал. Не случајно, дефиницијата на Светската здравствена организација за здравјето гласи: „Здравјето е состојба на целосна физичка, психичка и социјална благосостојба, а не само отсуство на болест или на телесни недостатоци“. Здравјето, јас знам дека не цвета во разорено и дезорганизирано општество, ниту во партизиран и политизиран здравствен систем во којшто се купува и продава, бара и дава, кадешто пациентите понекогаш не се личности, а лекарите, за жал некогаш, во ретки случаи, не се водат од Хипократовата заклетва! Здрави граѓани се раѓаат и виреат во здрави држави и здрави општества во коишто болеста се превенира со здрав животен стил во здрава животна средина, со загарантирана здравствена и социјална заштита, со посебна грижа за децата и за семејството, но и со адекватен, ххуман работен амбиент. Квалитетен и посветен здравствен кадар, нам, политичарите, мора да ни биде јасно дека не се раѓа, туку се одгледува со добро образование, со строга селекција на најдобрите, со континуирано вложување во нив, со постојано усовршување, но и со соодветно вреднување на вашиот труд, рече таа.

Најнови вести од: Македонија

Муцунски: Има сериозен интерес ОАЕ да инвестираат во Македонија

„Нашата цел е со Обединетите Арапски Емирати да изградиме специфично и посебно партнерство, бидејќи станува збор за држава која има реализирано успешни капитални проекти и со која, од стратешка гледна точка, делиме многу исти ставови“, истакна министерот

Муцунски: Ахмети живее во фолклорот од пред 20 години

Според Муцунски, по повеќе од 20 години, свеста на Ахмети останува заглавена во тие времиња, особено во однос на предлозите за избор на Влада со Бадентерово мнозинство во парламентот и одлучување во Уставниот суд со двојно мнозинство за закони донесени со тој механизам.

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Велика Британија

Во интервјуто за „360 степени“ на Првата програма на Македонската телевизија министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вели дека и покрај тоа што најповиканите во државата – претседателката, премиерот, министерот за надворешни и министерот за внатрешни работи, одговориле на темата, опозицијата одлучи сè уште да ја шири таа паника.  Тој смета дека темата за прием на одбиени баратели на азил во земјава шпекулативно ја отвориле медиуми од Велика Британија и тоа не само за Македонија. „Таква дискусија и намера од нашата влада ниту имало, ниту ќе има. Во ниедна форма, и легални и нелегални, вакви, такви, никакви мигранти нема да бидат примени во нашата држава врз основа на која било форма на договор со Велика Британија.“ – нагласува министерот Муцунски.

To top