Хроника

Условни пресуди за тројца кочански полицајци – Пишувале прекршочни пријави за фиктивна фирма на газдата на „Пулс“

Двајцата инспектори и командирот од Кочани

Во судница полна само со новинари, судот условно ги осуди двајцата инспектори и командирот од Кочани кои пишувале прекршоци за непостоечката фирма на газдата на дискотеката „Пулс’“ за злоупотреба на службената положба. Ниту еден од обвинетите полицајци и нивните адвокати, не дојде во судот за да ја слушне објавата на пресудата.

Според обвинението, при полициски контроли тие пишувале прекршочни налози за непостоечка фирма, наместо за фирмата што реално управувала со дискотеката, се со цел газдата на „Пулс“ да не плати казна и да може непречено да работи.

Ова е само еден од трите одвоени судски предмети против полициски службеници поврзани со „Пулс“. Двајца кои денеска беа условно осудени, се обвинети и во другите два предмети поврзани со трагедијата во Кочани.

Во вториот предмет обвинети се девет полицајци. На 24 април се одржа првото подготвително рочиште, но не започна главната расправа. Одбраната побара изземање на обвинителката и судијата, по што судењето се одложи за 1 јуни. Според обвинението, тие со службени дејствија и непостапување овозможиле дискотеката да добие согласности и да продолжи со работа иако не ги исполнувала законските услови.

Во третиот предмет обвинети се 13 полицајци и командири кои за време на трагедијата бвршеле полициска контрола во Пулс. Тие се товарат за тешки дела против општата сигурност. Обвинителството тврди дека тие  не презеле мерки за безбедност и не била спречена употребата на пиротехника.

Во најголемиот предмет за кочанската трагедија која се суди во импровизираната судсница во Идризово веќе се сослушаа над 60 сведоци. Минатото рочиште сведочеа вештаци од Судски медицина. Според нив, речиси сите жртви се задушиле од јаглеродон моноксид. Ова судење почна во октомври и засега важи за еден од најобемните судски предмети во послдните 10 години.

Најнови вести од: Хроника

(Фото): Под контрола е пожарот во Визбегово – пожарникарите и населенито гаснат со цистерни и механизација

Сопствениците и вработените, заедно со екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје, интервенирале со часови за целосно ставање под контрола на огнот. Куповите отпад се преместувале од место на место за да се спречи повторно разгорување, додека гаснењето се вршело со неколку цистерни.

(Фото): Пожар во Визбегово, гореше приватен имот со стари возила

Голем пожар попладнево избувна во скопската населба Визбегово, во близина на обиколницата, каде што, според информациите од градоначалникот на Орце Ѓорѓиевски, се запалил приватен имот на кој биле складирани стари автомобили.

Сериозен инцидент во Кисела Вода: Р.Д. (36) двапати нападнат од повеќе лица, удрен и со кундак од пиштол, повреден однесен во болница

Во скопската населба Кисела Вода се случил сериозен физички инцидент, во кој 36-годишен скопјанец завршил со повреди, откако бил двапати нападнат од повеќе лица, при што едно од нив употребило и пиштол.

МВР: Приведени 14 лица за безобѕирно управување возило, меѓу нив и малолетник без возачка

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив, петмина управувале возило без возачка дозвола, од кои еден малолетник, двајца управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана, а седум лица управувале возило под дејство на алкохол, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи

Полицијата го лиши од слобода Г.Р. (24) од Преглово, Кичевско, оти ги нападнал со нож Н.Ш. (20) и Д.Ш. пред угостителски објект во Кичево

Двајца жители на Кичево биле нападнати со нож пред угостителски објект на улицата „Рудничка“ во Кичево, а полицијата го привела осомничениот напаѓач.

To top