Премиерот Христијан Мицкоски најави нови мерки за контрола на цените на прехранбените производи. Мицкоски рече дека на првата седница по Велигден владата ќе донесе нови мерки кои ќе бидат таргетирани, но повтори дека Владата прави анализа и е претпазлива во носењето на решенијата бидејќи не се знае колку ќе трае кризата.
- Следните мерки на Владата ќе бидат потергетирани и ќе се однесуваат на одредени групи на граѓани и на одредени производи главно основни прехранбени производи. Тие ќе бидат комбинирани со намалување на ДДВ-то и со ограничување на профитната маржа – рече Мицкоски.
Тој потврди дека законот за нефер трговски практики за зголемување на казните е готов.
- Јас имав состанок со претседателката на Комисијата за заштита на конкуренцијата. Мислам дека прашање на денови е кога тој ќе влезе во владиина процедура – рече Мицкоски.
Мицкоски дека очекува инфлација меѓу 4 и 5% во март.
- Со корекциите што ги направи Владата и почетните мерки за намалување на ДДВ-то за горивата од 18 на 10% и можноста за намалување на акцизата е оневозможено инфлацијата да биде двојно поголема од таа за март, која се очекува да биде меѓу 4,5 и 5% – рече тој.