Регион

Франција блокира две од 5 поглавја во преговорите на Црна Гора со ЕУ

Црна Гора ќе затвори само три од очекуваните пет поглавја следната недела, бидејќи Франција ги блокираше поглавјата 11 и 13 за земјоделство и рурален развој, односно рибарство.

 

 

Ова за ТВЦГ го потврдија извори од Советот на ЕУ по состанокот на постојаните претставници на земјите-членки на ЕУ во Брисел.

Следната недела, Црна Гора ќе затвори три поглавја во преговорите со ЕУ, имено: правото на основање компанија и слободата на обезбедување услуги (3), слободното движење на капиталот (4) и трговското право (6).

Најавено е дека меѓувладината конференција ќе се одржи на 16 декември, пред почетокот на Советот за општи работи на ЕУ.

Порталот RTCG од дипломатски извори дознава дека постојаните претставници повторно ќе се состанат во текот на викендот, пред Меѓувладината конференција, што би можело да биде уште една можност да се разговара за евентуалното затворање на дополнителни поглавја.

Црна Гора официјално ги почна преговорите за членство во Европската Унија на 29 јуни 2012 година, откако доби статус на кандидат во 2010 година. Оттогаш, ги отвори сите поглавја од преговорите и привремено затвори неколку, задржувајќи ја позицијата како најнапредната земја на Западен Балкан во процесот на европска интеграција.

Најнови вести од: Регион

Мосад им доставил информации на Грција и Македонија за иранската мрежа, што подготвувала обид за атентат во Грција

Израелската агенција за надворешно разузнавање Мосад им доставила информации на Грција и Македонија за мрежата поврзана со Иран, што наводно подготвувала обид за атентат во Грција, објави израелскиот портал Ynet, повикувајќи се на свои извори.

Главниот дел од истрагата за разоткривањето на иранската мрежа го воделе безбедносните служби на Македонија

30-годишен македонски државјанин, кој бил прогласен за непожелен од безбедносни причини во Грција бил уапсен на крајот на октомври со автомобил со македонски регистарски таблички се обидел да ја напушти Грција и да влезе во Турција преку копнениот граничен премин во областа Еврос

Ива Михајлова: „Јави ми се веднаш, зашто сите ќе умреме уште вечерва“(ВИДЕО)

Ова била една од пораките што јутјуберот Цанов ги добил од Михајлова само неколку минути откако тој го објавил првото видео, во кое Ива зборуваше за наводен притисок од безбедносните служби во Бугарија

To top