Регион

Румен Радев ја напушта функцијата претседател на Бугарија

По предвремено прекинување на претседателскиот мандат, функцијата ќе ја преземе потпретседателката Илијана Јотова

 

Уставниот суд денеска во 10 часот по бугарско време ќе одржи расправа за случајот покренат во врска со оставката на бугарскиот претседател Румен Радев.

Оставката на Радев беше поднесена до Уставниот суд во вторник, еден ден откако тој ја објави својата одлука да се повлече и да учествува на претстојните предвремени парламентарни избори во специјално обраќање до бугарските граѓани.

Со тоа завршува неговиот речиси децениски престој во претседателската палата на – прво како претседател во два последователни мандати, а потоа како клучна фигура во низа политички кризи и официјални администрации.

Според Уставот, во случај на предвремено прекинување на претседателскиот мандат, овластувањата на шефот на државата ги презема потпретседателот до крајот на мандатот. По одлуката на Уставниот суд, функцијата ќе ја преземе Илијана Јотова.

Се очекува таа да ја продолжи постапката за назначување на привремена влада, вклучително и спроведување на задолжителните консултации со потенцијалните кандидати за привремен премиер и одредување на датумот за предвремени парламентарни избори.

Според информациите од претседателската институција, Румен Радев официјално ќе ја напушти претседателската зграда денес во 16:00 часот.

Ќе биде ли Јотова прва жена-претседател на Бугарија

Најнови вести од: Регион

Марта Кос ја одби идејата на Вучиќ и Рама за влез на Србија и Албанија во Шенген-зоната и во ЕУ без полноправно членство!

Еврокомесарката Марта Кос ја отфрли идејата на Рама и Вучиќ за влез во Шенген без полноправно членство, нагласувајќи дека условите се подеднакво строги како и за пристапување во ЕУ. Според неа, Унијата ќе бара реформи без компромис, дури и во моделот на постепена интеграција.

To top