Регион

Завршија консултациите кај Радев: Бугарија се подготвува за нови избори пред Велигден

Предвремените парламентарни избори во Бугарија најверојатно ќе се одржат на 5 април 2026 година, во неделата пред Велигден.

1.instagram.com/presidentrumenradev/ 2.instagram.com/radostin.p.vasilev

Предвремените парламентарни избори во Бугарија најверојатно ќе се одржат на 5 април 2026 година, во неделата пред Велигден. Оваа временска рамка се покажа како најреална по консултациите што бугарскиот претседател Румен Радев ги одржа со парламентарната група „Морал, единство и чест“ (МЕЧ), предводена од Радостин Василев.

„Изборите треба да се случат во разумен рок. За нас февруари не е добар избор, иако сакаме избори што поскоро. Првата недела од април изгледа најсоодветна, бидејќи организацијата ќе биде полесна и ќе овозможи чесен процес“ – изјави Василев, истакнувајќи дека, доколку партијата го добие третиот мандат, ќе соработува со претседателот за да се одржат изборите во „нормално време“.

Претседателот Радев возврати дека ги разбира аргументите на Василев и потсети дека во Бугарија досега никогаш не се одржани избори во февруари, што дополнително ја поддржува идејата за пролетен термин.

Со оглед на тоа дека Велигден во 2026 година паѓа на 12 април, предложената дата од 5 април се смета за најреална опција за организирање на изборите.

Најнови вести од: Регион

Македонска Фејсбук-страница го тресе врвот на словенечката влада: „Маски паднаа“ со аудио-разговори

Фејсбук-страница администрирана од Македонија се најде во центарот на голем политички скандал што ги тресе словенечките политички кругови во последните денови

„Не сме ничија марионета“ – Вучиќ за влошените односи со Москва и извозот на муниција во Украина

Српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за германскиот весник „Зидојче Цајтунг“ отворено изрази скептицизам за брзо полноправно членство на Србија во Европската Унија и се залага за модел на „Европа со повеќе брзини“.

To top