Фудбалската репрезентација на Египет продолжува со својот историски настап на Светското првенство во САД, Мексико и Канада, кадешто во своето прво елиминациско коло првпат избори осминафинале по подоброто изведување пенали од Австралија, откако натпреварот заврши 1:1.
„Фараоните“ погодија од сите четири удари од белата точка, вклучувајќи ја и „паненката“ на својата најголема ѕвезда Мо Салах во третата серија и победничкиот гол на Хосам Абделмагид во четвртата, а кај „кенгурите“ Хари Сутар уште на стартот ја испрати топката „под облаците“, а во последната серија 18-годишниот Лукас Херингтон ја погоди пречката.
Во основниот дел поведоа Египќаните преку Емам Ашур во 13 минута, а мечот во продолженијата го одведе автоголот на Мохамед Хани во 55. минута.
Во осминафиналето на 7 јули во Лос Анџелес африканската селекција ќе игра со победникот меѓу бранителот на титулата Аргентина и дебитантот Зеленортски Острови закажан за вечерва на полноќ.