Свет

Берни Сандерс: Царините за НАТО сојузници на САД се лудост

Трамп најави зголемени царини на осум сојузници на НАТО поради нивната поддршка за суверенитетот на Гренланд

 

Демократскиот сенатор Берни Сандерс упати повик до американските политичари откако претседателот Трамп најави нови царини.

Во објава на социјалната мрежа X, Сандерс рече дека Трамп воведува царини на осум сојузници на НАТО поради нивната поддршка за суверенитетот на Гренланд.

„Уништувањето на нашите најблиски сојузи за да се преземе Гренланд – кој Данска веќе ни дозволува слободно да го користиме – е лудост. Конгресот мора да каже НЕ“, рече Сандерс.

Чак Шумер, лидерот на демократите во американскиот Сенат, доцна синоќа рече дека ќе го блокира воведувањето царини со кои претседателот Доналд Трамп се закани против европските сојузници поради спорот за Гренланд.

„Неодговорните тарифи на Доналд Трамп веќе ги зголемија цените и им наштетија на нашата економија, а сега тој само ги влошува работите“, рече Шумер во соопштение објавено во саботата.

„Неверојатно е што тој сака да ја зголеми глупоста со воведување тарифи на нашите најблиски сојузници за неговата донкихотовска мисија да го преземе Гренланд“, рече тој.

„Демократите во Сенатот ќе воведат закон за блокирање на овие тарифи пред да предизвикаат дополнителна штета на американската економија и нашите сојузници во Европа.“

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top