Свет

Франција против Орбан да биде генерален секретар на ОН

Тоа нема да го прифатиме, стави на знаење францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро изјави дека Париз се спротивставува на евентуалната кандидатура на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан за функцијата генерален секретар на Обединетите нации.

„Тоа нема да го прифатиме“, рече Баро за време на сослушувањето во францускиот Сенат.

Тој верува дека назначувањето на Орбан би можело да ги „ослаби или парализира“ ОН и да им дозволи на големите сили да ја наметнат својата волја врз другите.

Министерот додаде дека Париз очекува идниот генерален секретар активно да работи за реформирање и зајакнување на организацијата, засновајќи ја својата работа на мултилатерален пристап.

Најнови вести од: Свет

330 месеци затвор за планиран атентат врз Трамп

За време на судењето, осудениот тврдеше дека „немал друг избор“ освен да ги изврши наредбите, бидејќи лицето кое му давало упатства јасно ставило до знаење дека знае кои се членовите на неговото семејство во Иран и каде се наоѓаат

НАТО и Пентагон разговараат за можното повлекување на американските војници од Европа

Би можело да дојде до намалување на бројот од 80.000 американски војници кои моментално се стационирани на европскиот континент, а целта е да се поттикне Европа да преземе поголем ангажман, овозможувајќи ѝ на американската војска да се фокусира на своите глобални обврски.

Јапонските средношколци што учат македонски јазик во Токио добија вежбанки и книги

Учениците од здружението добиле работни тетратки за вежбање на македонскиот јазик, материјали од „Бушава азбука“, Македонски бајки, како и традиционални омијаге (сувенири) во вид на македонски чоколади и слатки, соопшти Јапонската амбасада

To top