Свет

Нетанјаху бара помош од светските лидери (ВИДЕО)

Околу 200 лица беа повредени во иранските ракетни напади врз јужен Израел откако ирански ракети ја пробија воздушната одбрана и ги погодија градовите Арад, Димона и Тел Авиув

 

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, зборувајќи за Иран, ги повика другите светски лидери да дејствуваат. „Време е другите светски лидери да ни се придружат – некои од нив веќе се движат во таа насока“, рече Нетанјаху..

како што изјави денеска, Нетанјаху вели дека режинот во Иран е закана за целиот свет:

„Постојано предупредувам дека сега имаат можност да стигнат длабоко во Европа. Тие веќе пукаа кон европските земји – Кипар. Сè е на нивен нишан“, продолжи тој. Според него, Иран „ги запира меѓународните поморски и енергетски патишта и се обидува да го уценува целиот свет“. „Каков уште доказ ви е потребен дека овој режим, кој го загрозува целиот свет, мора да биде запрен?“, заклучи Нетанјаху.

Околу 200 лица беа повредени во иранските ракетни напади врз јужен Израел откако ирански ракети ја пробија воздушната одбрана и ги погодија градовите Арад и Димона, кои се во близина на нуклеарниот објект.

Најмалку 180 лица беа повредени во два одделни ирански ракетни напади врз јужните израелски градови Арад и Димона, каде што се наоѓа главниот нуклеарен објект на земјата.

Други 15 лица беа повредени во одделен напад со касетни бомби во Тел Авив денес.

Овие напади ги ставаат израелските системи за воздушна одбрана под зголемен притисок и ги тестираат нивните крајни способности.

Израелската полиција соопшти дека во денеска биле пријавени ракетни напади на неколку локации во централен Израел.

Новите напади се случија само неколку часа откако Иран ги нападна градовите Арад и Димона.

Иранската државна телевизија соопшти дека нападот врз Димона бил одговор на она што Техеран го тврдеше дека е американско-израелски напад врз нуклеарниот објект Натанц.

Тоа беше една од најдраматичните ескалации од почетокот на војната.
Иранската државна телевизија соопшти дека нападите биле „одговор“ на она што го нарече претходен напад врз иранскиот комплекс за збогатување ураниум Натанц.
Израелското Министерство за здравство објави нови бројки за бројот на жртви во двата напади. Најмалку 116 лица се повредени во Арад, од кои седум се во сериозна состојба. Најмалку 64 лица се повредени во Димона, од кои едно е во сериозна состојба.

Министерството, исто така, соопшти дека вкупно 4.564 лица се евакуирани во болници од почетокот на војната. 124 лица се моментално хоспитализирани, од кои едно е во критична состојба, а 13 се во сериозна состојба.

 

Најнови вести од: Свет

Нов удар на Трамп врз Брисел: се зголемуваат за 25 отсто царините за автомобили и камиони од ЕУ

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека неговата влада ќе ги зголеми царините за автомобили и камиони од Европската Унија на 25 проценти уште од следната недела. Тој го обвини Брисел дека не го почитува претходно договорениот трговски договор. Овој најнов потег би можел да ги заостри уште повеќе трговските односи меѓу Соединетите Американски Држави и ЕУ, особено во автомобилскиот сектор.

Бардела, можниот кандидат за претседателските избори во Франција во 2027, најави отстранување на знамето на ЕУ од Елисејската палата, ако победи!

„Французите поседуваат вековна сила, способна да го разгори нивниот пламен како народ кога сè изгледа дека тој пламен бледнее. Сега реалноста во Франција е горчлива: по десет години макронизам, нашата земја страда од невидено индустриско и земјоделско распаѓање. “ – порачаа Жордан Бардела и Мари Лепен, лидери на партијата Национално собирање на Франција, на вчерашниот митинг одржан во Париз. Инаку, на 30 април, еден ден пред митингот, Жордан Бардела отворено најави отстранување на знамето на ЕУ од претседателската Елисејска палата и од премиерската резиденција Матињон, ако победи на претседателските избори во 2027 година. Во својата изјава Бардела нагласи дека „Елисејската палата не е обична зграда, туку место со силно историско и симболично значење“. Како што рече, „тоа е дом на францускиот народ“ и „токму затоа верува дека таму треба да се истакнува само француското знаме“. Во меѓувреме, на крајот на годинашниов март, неколку градоначалници од редовите на Националното собирање, избрани на општински избори, веќе ги отстранија знамињата на Европската Унија од своите општински сали.

Хаос на аеродромите и на границите на ЕУ, откако се воведе ЕЕС-системот, пропуштени летови, нервозни патници, кои се онесвестуваат, чекајќи со часови!

Воведувањето на системот за влез/излез (EES) предизвикува чекање со часови, пропуштени летови и нервозни патници низ цела Европа. Воведувањето на новиот систем за влез/излез (EES), кој се спроведува во повеќето земји од ЕУ, предизвика сериозни проблеми на аеродромите и граничните премини низ цела Европа.

Индиецот го ископал од гробот и го донел скелетот на починатата сестра во банката, за да може да ја подигне нејзината заштеда! (Видео)

Маж од Источна Индија тврди дека бил принуден да го однесе скелетот на неговата сестра во банка за да ја докаже нејзината смрт откако не успеал да ги повлече нејзините заштеди. Видео од државата Одиша, на кое 52-годишниот Џиту Мунданоси носи скелет во банка, стана вирално и предизвика јавен бес. Тој тврди дека го направил тоа од фрустрација бидејќи не можел да пристапи до парите, бидејќи немал официјален доказ за смрт.

To top