Свет

Трамп му „препорачува“ на Мадуро да се повлече

Кампањата на Трамп за притисок врз Мадуро вклучува зголемено воено присуство во регионот и десетици воени напади врз бродови за кои се тврди дека транспортираат дрога

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделник изјави дека би било мудро неговиот венецуелски колега Николас Мадуро да се повлече, а САД би можеле да ја задржат или продадат нафтата што ја запленија крај брегот на Венецуела во последните недели, објави Ројтерс.

Кампањата на Трамп за притисок врз Мадуро вклучува зголемено воено присуство во регионот и десетици воени напади врз бродови за кои се тврди дека транспортираат дрога во Тихиот Океан и Карипското Море во близина на јужноамериканската земја. Најмалку 100 луѓе се убиени во нападите.

На прашањето дали целта е да се принуди Мадуро да се симне од власт, Трамп им рече на новинарите: „Па, мислам дека веројатно би било. Од него зависи што сака да направи. Мислам дека би било мудро да го стори тоа. Но, … ќе дознаеме.“

„Ако сака да направи нешто, ако игра строго, тоа ќе биде последен пат кога ќе може да игра строго“, рече тој.

Најнови вести од: Свет

Спасил 900 деца – директор на училиште во Непал со благовремена реакција превенирал страшна трагедија

Имаше извештаи дека поплавата веќе ја зафатила нашата населба. Тогаш решив дека не треба повеќе да одложувам. Доколку ја донесовме одлуката десет минути подоцна, сите ние немаше да можеме да разговараме денес

„Еурактив“: Исландското НЕ за ЕУ ќе го ослабне моментумот за проширување

„Еурактив“ наведува дека ЕУ се надеваше оти ќе го поврзе членството на Исланд, богат остров со највисоки плати во Европа, кој веќе во голема мера е интегриран со Унијата, со приемот на некоја посиромашна земја

To top