Свет

Трамп: Пристапувањето на Канада кон ЕУ би можело да се смета за непријателски акт

Претседателот на САД реагира на идејата на Фон дер Лајен

Претседателот на САД Доналд Трамп навести дека, доколку Европската Унија ѝ дозволи на Канада да стане придружна членка, тоа би можело да се смета за „непријателски акт“.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен вчера изјави дека сака да отвори можност Канада да стане првата „придружна земја-членка“ на Европската Унија.

Истовремено, Трамп се закани дека на таков потег би одговорил со воведување дополнителни царини за Унијата.

„Ако намерите се добри – добро. Ако се лоши, ќе воведеме многу високи царини за Европа“, изјавил Трамп по однос на „намерите“ на европските лидери.

Тој исто така ја остави отворена можноста САД да ја прекинат трговијата со Европа во одредени сектори.

Трамп ја оцени можноста Канада да ѝ се приклучи на ЕУ како „смешна“ и својот северноамерикански сосед го нарече „ужасен трговски партнер“.

Најнови вести од: Свет

Немири во Хаг по пресудата за водачите на косовската УЧК – неколку демонстранти уапсени (Видео)

Неколку лица се уапсени за време на немирите за време на протестот во Хаг во поддршка на водачите на УЧК кои денеска беа осудени на вкупно 81 година затвор за воени злосторства. Холандската полиција беше принудена да употреби палки, бибер-спреј и водени топови, за да ги контролира демонстрантите, пренесуваат холандските медиуми.

Лаен ја покани Канада да се приклучи кон ЕУ како прва придружна членка

Претседателката на Европската комисија Урсула Лаен нагласи дека Канада и ЕУ мора „итно да ги редефинираат“ своите односи. „Затоа сакам да соработувам со вас за да ја отвориме вратата за Канада да стане првата придружна членка на ЕУ“, му рече таа на канадскиот премиер Марк Карни, кој во моментов води еден вид трговска војна со администрацијата на Трамп.

To top