Свет

Трамп со „Златна купола“ ќе ги брани САД од ракетни напади

Американскиот претседател објави дека неговата администрација го избрала архитектонскиот дизајн за системот за ракетна одбрана „Златна купола“ за заштита на САД од надворешни закани, објави Си-Би-Ес њуз. Буџетскиот пакет што републиканците моментално го дискутираат на Капитол Хил ќе вклучува почетни 25 милијарди долари за започнување на изградбата. Вкупната цена на проектот сега се проценува на […]

Американскиот претседател објави дека неговата администрација го избрала архитектонскиот дизајн за системот за ракетна одбрана „Златна купола“ за заштита на САД од надворешни закани, објави Си-Би-Ес њуз.

Буџетскиот пакет што републиканците моментално го дискутираат на Капитол Хил ќе вклучува почетни 25 милијарди долари за започнување на изградбата.

Вкупната цена на проектот сега се проценува на околу 175 милијарди долари, но може значително да се зголеми. Конгресот сè уште не финансирал ниту еден од проектите.

„Денес, со задоволство објавувам дека формално избравме архитектура за овој најсовремен систем што ќе распореди технологии од следната генерација на копно, на море и во вселената, вклучувајќи вселенски сензори и пресретнувачи“, објави претседателот во Овалната соба заедно со министерот за одбрана Пит Хегсет.

Во својата извршна наредба од 27 јануари, Трамп го наведе ракетниот напад како „најкатастрофална закана со која се соочуваат Соединетите Американски Држави“.

Најнови вести од: Свет

Трамп за идејата Канада да стане придружна членка на ЕУ: Смешно – тогаш ќе уследат многу сериозни царини!

Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ се закани на Европската Унија со високи царини доколку процени дека приближувањето на Канада кон Унијата е непријателски потег кон САД, објави Политико.

To top