Свет

Зеленски ги искара Трамп и Путин

Нема да има отстапување на територии на Русија, вели украинскиот ппретседател

Украинсиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговата земја е подготвена за вистински одлуки за постигнување мир, но во исто време нагласи дека нема да има отстапување на територии на Русија, пишува „Киев пост“.

Во објава на својата Фејсбук страница, Зеленски ја истакна решителноста на украинскиот народ.

„Украинците го бранат она што е нивно. Дури и оние што се со Русија знаат дека таа прави зло. Секако, ние нема да ја наградиме Русија за она што го стори. Украинскиот народ заслужува мир. Но, сите партнери мора да разберат што е достоинствен мир“, напиша тој.

Зеленски повтори дека војната мора да заврши, обвинувајќи ја Русија за нејзиното започнување и продолжување.

„Одговорот на украинското територијално прашање е веќе во Уставот на Украина. Никој нема и не може да отстапи од него. Украинците нема да му ја дадат својата земја на окупаторот“, рече тој.

Украинскиот лидер ја потврди подготвеноста за вистински мировни договори, но предупреди против обидите за донесување одлуки без учество на Украина.

„Сите одлуки што се против нас, сите одлуки што се без Украина, се во исто време одлуки против мирот. Тие нема да постигнат ништо. Тие се мртви одлуки; тие никогаш нема да функционираат. И на сите ни треба вистински, жив мир што луѓето ќе го почитуваат“, изјави тој.

Тој, исто така, се осврна на соработката со американскиот претседател Доналд Трамп. „Подготвени сме да работиме заедно со претседателот Трамп и сите наши партнери за вистински и, најважно, траен мир – мир што нема да се сруши по каприците на Москва“, додаде тој.

Неговата прес-служба, исто така, извести за критиките за планираната средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин во Алјаска.

Зеленски ја нарече таа средба „многу далеку од оваа војна што се одвива на нашата земја, против нашиот народ и која не може да заврши без нас, без Украина“.

Според него, клучната грешка на Путин била потценувањето на украинскиот народ.

Путин нуди размена на територии за мир

Најнови вести од: Свет

EES системот повод за нова поделба во ЕУ

Франција, Белгија, Германија, Грција, Италија, Малта, Холандија, Португалија и Швајцарија побараа дополнително време за целосна примена на биометриските проверки на одредени гранични точки, особено на прометните аеродроми

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top