Свет

Зеленски: Ќе се сретнам со Путин каде било

Вели дека Трамп сега му верува повеќе отколку на Путин

 

 

Украинскиот претседател изјави дека Украина и други земји ѝ понудиле на Русија разговори на ниво на лидери, па дури и во Казахстан, објави Фокс њуз.

Зеленски рече дека е подготвен да се сретне со шефот на Кремљ, Владимир Путин, каде било – но не во Москва, како што претходно предложи претседателот на Руската Федерација.

„И тимот на Трамп, мојот тим, Европејците, вклучувајќи го Макрон и другите лидери, и претседателот на Турција, сите ние понудивме средба во Турција, Саудиска Арабија, Катар, во Европа, во неутрални држави како Австрија или Швајцарија. Рековме: „Дури и ако сакате некаде како Казахстан. Ние сме подготвени“, рече Зеленски.

Украинскиот претседател претходно изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп сега му верува повеќе отколку на Путин, што се случи откако Трамп рече дека рускиот лидер „го изневери“.

Трамп, исто така, изјави дека Украина, со поддршка на Европската Унија, може да ја добие војната и да ја врати целата окупирана територија.

Најнови вести од: Свет

EES системот повод за нова поделба во ЕУ

Франција, Белгија, Германија, Грција, Италија, Малта, Холандија, Португалија и Швајцарија побараа дополнително време за целосна примена на биометриските проверки на одредени гранични точки, особено на прометните аеродроми

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top