Свет

Арапските земји да отстапат своја територија за палестинска држава

Американскиот амбасадор во Израел, Мајк Хакаби, предизвика контроверзии велејќи дека муслиманските земји треба да размислат да се откажат од дел од својата територија за воспоставување на идна палестинска држава и дека Израел треба да ја преземе таа територија. Во разговор за Би-Би-Си , Хакаби рече: „Муслиманските земји имаат 644 пати повеќе земја отколку што контролира […]

Американскиот амбасадор во Израел, Мајк Хакаби, предизвика контроверзии велејќи дека муслиманските земји треба да размислат да се откажат од дел од својата територија за воспоставување на идна палестинска држава и дека Израел треба да ја преземе таа територија.

Во разговор за Би-Би-Си , Хакаби рече:

„Муслиманските земји имаат 644 пати повеќе земја отколку што контролира Израел. Па можеби ако навистина постои толку голема желба за палестинска држава, некој би можел да каже: „Би сакале да бидеме домаќини на неа.“

Хакаби, во едно претходно интервју, го нарече решението за две држави – кое предвидува независна палестинска држава на Западниот Брег и Појасот Газа, со Источен Ерусалим како нејзин главен град – „аспиративна цел“.

Тој додаде дека САД повеќе не се стремат кон палестинска државност, што го потврди во посебно интервју за Блумберг.

Најнови вести од: Свет

Како Кина се подготвува за ризикот вештачката интелигенција да избега од човечка контрола?!

Нов технолошки судир меѓу Кина и САД: Во фокусот контролата врз вештачката интелигенција. Но до каде оди човештвото, што се може да се поремети?! Предупредувањата од Антропик“ истражувачите во водечкиот американски развивач на вештачка интелигенција, дека сè помоќните модели би можеле да избегаат од човечка контрола, па дури и да доведат до истребување на човечката раса, го привлекоа вниманието во Кина каде креаторите на политики се подготвуваат за некои од истите ризици, објави „Ројтерс“.

To top