Тема: Балкан

Грчката пошта става клуч на врата на повеќе од 200 филијали низ цела Грција

Затворањата влијаат на 204 од вкупно 456 пошти – 40 во Атика (регион на Атина) и 164 во остатокот од земјата – драстична мерка што се спроведува за справување со тешката финансиска криза на државното претпријатие.

Од јануари минималната плата во Србија се зголемува за 10%, иако нема договор меѓу газдите и синдикатите

Српскиот министер за финансии Синиша Мали изјави и дека ќе продолжи трендот на намалување на вкупниот товар на платите, а ќе се зголемат и пензиите од 1 декември.

Први ефекти од ограничените маржи во Србија – граѓаните разочарани, трговците незадоволни

Ставовите на граѓаните се поделени. Додека некои веќе забележуваат одредени заштеди на своите сметки и ја поддржуваат намерата на владата да се справи со зголемувањето на цените, повеќето се чини дека мислат дека речиси и да нема намалување. Од друга страна, економистите предупредуваат дека малопродажните синџири нема туку така да се откажат од добар дел од колачот, односно од профитот што досега го остваруваа на српскиот пазар.

РСЕ: Косово ќе прими 50 депортирани лица од САД

Педесет лица од трети земји, во рамките на соработката со Соединетите Држави, ќе прими привремената влада на Албин Курти во Косово. „Лицата засегнати од оваа одлука, за време на нивниот престој во Република Косово, ќе постапуваат во согласност со важечкото законодавство и ќе ги уживаат правата утврдени со важечките закони“, објави привремената извршна власт по […]

To top