Бизнис

(Видео): Македонија со силен економски раст од 3,8% во третиот квартал

Македонија трета во Европа по нивото на економски раст, веднаш зад големите Ирска и Данска. Зголемувањето на БДП-то во третиот квартал изнесува 3,8%, што е повеќе и од земјите во регионот, како што се Србија со Црна Гора, Бугарија, велат од Владата.

Македонија се искачи на трето место по економски раст во Европа споредено со земјите од регионот и од ЕУ. Зад нас се само Ирска и Данска, рече министерката за финансии. Согласно податоците на Државниот завод за статистика, реалниот раст на бруто-домашниот производ во третиот квартал годинава е 3,8%.

  • „Во споредба со земјите од регионот и од ЕУ, согласно податоците за третиот квартал за 2025 година, Македонија е на трето место по раст на БДП, при што повисок раст е забележан во Ирска и Данска. Доколку споредуваме со земјите од регионот, за третиот квартал од 2025 година, растот во Србија изнесува 2,0%, во Црна Гора 3,1%, во Хрватска 2,3%, во Бугарија 3,1%, во Романија 1,2%. Кумулативно, растот во првите три квартали годинава изнесува 3,4%“, рече министерката Димитриеска-Кочоска.

Главниот двигател на растот во третото тримесечје, според министерката, се бруто инвестициите, кои пораснале за 30,6%, како резултат на силниот раст на инвестициите во основни средства.

  • „Важен придонес кон растот на инвестициите имаше и силната посветеност на Владата на капиталните инвестиции и оптимизацијата на нивните трошоци, динамика, и услови за градба. Оптимизацијата на капиталните инвестиции значеше и интензивирана реализација на големите инфраструктурни проекти финансирани од државата, како што се коридор 8 и 10“.

Дополнително, значаен двигател на бруто-инвестициите е и поддршката на општините за реализација на капитални инвестиции.

Освен инвестициите, придонес кон растот има и финалната потрошувачка од 1,8%. Градежништвото со 21% раст, услугите со 2,9%, стручните и научните дејности од 6,1%, како и трговијата и транспортот од 2,6%.

Кумулативно растот во првите 9 месеци изнесува 3,4%. Министерката вели дека има огромен интерес за вложување во граѓанската обврзница од страна на населението и очекува надминување на првично предвидениот износ. Таа исто така не гледа ништо спорно во прераспределбата на средства меѓу буџетските корисници, односно мини ребалансоткој последниве години се прави стандардно во последниот месец од годината.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Позитивни економски сигнали од Светска банка – Македонија бележи највисок економски раст во регионот

За Македонија, ова претставува важна оценка за досегашните економски движења, но и јасна насока за политиките кои треба да продолжат во наредниот период – рече Митева.

Македонија произвела дури 97% од потребите за струја, но домаќинствата потрошиле 23% повеќе од лани

Во август домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на електрична енергија. Производството од хидроцентралите е повеќе од двојно зголемено во споредба со истиот месец лани, а потрошувачката на природен гас е намалена за 13 проценти.

Монтеко започнува нова традиција со признанието „Вински витез“

Пет добитници ќе бидат одликувани за својот особен придонес, а секое признание ќе ја симболизира благодарноста на винаријата за нивната соработка и поддршка. Имињата на добитниците ќе бидат запишани во Витешката книга на „Монтеко“, со што нивните заслуги ќе останат траен дел од историјата што ја создава винаријата.

АЛКАЛОИД“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026

Меѓународната сертификација претставува потврда за континуираното вложување во знаењето и професионалниот развој на вработените, како и за стратешката определба на компанијата за унапредување на корпоративните практики и за создавање квалитетна и поттикнувачка работна средина

To top