Тема: финансии

ДЗР се изгради како независен и кредибилен столб за контрола и одговорно управување со јавните пари, рече министерката за финансии

Министерството за финансии е цврсто убедено дека подобрувањето на улогата и капацитетите на државната ревизија е клучно за остварување на поставените реформски цели во финансискиот сектор за подобро и поодговорно управување со јавните средства и за јакнење на довербата на граѓаните за ефикасноста и транспарентноста на системот.

Трезорот работи – простор за паника нема, смирува Димитриеска-Кочоска

Последните денови јавноста е преплавена со најави дека државниот трезор ќе се затвори на 15 декември поради недостиг на приливи, што би значело стопирање на сите исплати, вклучувајќи пензии, социјални трансфери и К-15. Министерството за финансии и Владата категорично ги демантираат овие тврдења, нагласувајќи дека буџетот е ликвиден и дека нема простор за паника.

На 15 декември не се затвора трезорот, ќе има К-15 за сите во државните институции, тврди премиерот

Премиерот ги отфрли обвинувањата на опозицијата дека Буџетот е празен и дека трезорот се затвора на 15 декември, нагласувајќи дека државната каса е ликвидна и сите тековни обврски се извршуваат. Мицкоски објасни дека 15 декември е поставен како рок за институциите да ги достават сите тековни расходи, а не како датум за затворање на трезорот. Целта е, вели тој, исплатите да се завршат навреме и да не останат незавршени обврски кои би се книжеле во следната година.

(Видео): Прераспределбата на буџетските средства е вообичаена пракса, рече министерката за финансии

Димитриеска-Кочоска рече дека дел од средствата од прераспределбата ќе бидат наменети за компанијата „Бехтел и Енка“ за изградба на инфраструктурните проекти. На прашањето дали прераспределбата се врши за исплата на наводно задоцнети средства за породолно отсуство, министерката негираше дека има информации за доцнење од два месеца.

(Видео): Македонија со силен економски раст од 3,8% во третиот квартал

Македонија трета во Европа по нивото на економски раст, веднаш зад големите Ирска и Данска. Зголемувањето на БДП-то во третиот квартал изнесува 3,8%, што е повеќе и од земјите во регионот, како што се Србија со Црна Гора, Бугарија, велат од Владата.

Македонија и Словачка споделуваат заедничка визија, значајна поддршка за реформските процеси

На средбата двајцата министри се осврнаа на можностите за развој на пазарите на капитал по потпишување на Меморандумот за соработка меѓу седум земји-членки на Европската Унија и Македонија, како и за можностите за поддршка во креирање мерки за борба против сивата економија,како и на поддршка за реформите во рамки на евроинтеграцискиот процес на нашата земја.

Државата ќе враќа 50 милиони евра – Што е со солидарниот данок?!

Иако Уставниот суд ѝ даде на државата рок од пет години да ги врати парите, стопанствениците ги побараа назад што е можно побргу, бидејќи како што рекоа, тие имаа рок од само неколку месеци да уплатат милионски износи. Од Министерството за финансии нема конкретен одговор дали се предвидени пари во предлог-буџетот за 2026 за враќање на солидарниот данок, туку само коментар дека во тек се доставувањата на одговори од компаниите за тоа дали е прифатлив предлогот за двократно раздолжување.

(Видео): Вложувањето во човечки капитал е најважната задача на една институција

Стојановски својата кариера ја започнал во Народна банка на Македонија, токму во периодот кога институцијата ги градела својата улога и своите капацитети, особено во доменот на банкарската супервизија. Во Народна банка поминува 13 години напредувајќи низ различни работни позиции, сè до функцијата генерален менаџер на Дирекцијата за супервизија, регулатива и финансиска стабилност.

Буџетот за 2026 е развоен, секоја ставка е внимателно проектирана, смета министерката за финансии

преку мерките за фискална консолидација и поголема контрола на расходната страна, како што е предвидено со Буџетот за 2026 година, и продолжување на позитивните резултати во делот на БДП ќе имаме и намалување на јавниот долг. Како што појасни во наредната година ќе се обезбедат на домашен и меѓународен пазар средства за да се вратат обврски кои се создадени од претходната Влада, вклучително и Еврообврзницата издадена во 2020 година и други заеми и дека ново задолжување ќе биде она што е потребно за финансирање на буџетскиот дефицит. 

Раст на капиталните инвестиции од близу 50% – економија оди напред

Министерката за финансии оценува дека за 2025 година има висок износ на проектирани капитални расходи, но во исто време има и огромна реализација. Ако се прилагодаи методологијата за двете години да биде иста, тогаш годинава имаме реализација од 28 милијарди, или тоа е 47,4% повеќе, рече Димитриеска-Кочоска.

Објавен проспектот за третата Граѓанска обврзница со камата од 4,5%

Датумот на достасување на обврзниците е 19 декември 2027 година, а каматата за исплата достасува за првата година на 19 декември 2026 и за втората година на 19 декември 2027 година. Ова е трета емисија на Граѓанска обврзница којашто ја издава Министерството за финансии. Двете емисии беа во вкупен износ од 41,1 милион евра и веќе се исплатени заедно со каматата за двете години. Во првата емисија беа запишани обврзници во износ од 23,5 милиони евра, додека во втората 17,6 милиони евра, велат од Финансии.

Нова граѓанска обврзница кон почетокот на декември

Граѓанската обврзница беше воведена како нов иновативен производ наменет за граѓаните, а со цел унапредување на пазарот на државни хартии од вредност. Министерството за финансии, имено, издаде 2 емисии на граѓански обврзници во вкупен износ од 41,1 милион евра. Втората граѓанска обврзница беше издадена на 7 ноември 2023 година во износ од 17,6 милиони евра, а таа доспева овој месец.

To top