Архива за: 08.07.2026

Мицкоски: Очекуваме евроинтеграција врз јасни критериуми и исполнување реформски обврски, а не да биде оптоварена со билатерални прашања!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата имаше средба со еврокомесарката за проширување, Марта Кос. По средбата искажа благодарност до ЕУ за поддршката, која ја добива Македонија во реализација на проектите. „Денешната средба и посета претставува можност за отворен, искрен и суштински разговор за нашата европската перспектива, за реформите што ги спроведуваме и за потребата процесот на проширување да остане доследен на принципите врз кои е изградена Европската Унија – доверба, предвидливост, еднаков третман и почитување на достоинството на секоја држава кандидат.“ – нагласи претседателот на Владата на Република Македонија Мицкоски.

ДУИ и Ахмети повикуваат на учество на втор протестен марш против одлуката на Уставниот суд и за враќање на старите имиња на улиците во Тетово

ДУИ денес официјално повика на учество на вториот протестен марш, кој ќе се одржи в сабота во Тетово, како реакција на одлуката на Уставниот суд за укинување на одлуката за именување на улиците и враќање на старите имиња. Од партијата нагласија дека протестот ќе биде мирен и граѓански, со цел, како што велат, да се заштитат Охридскиот рамковен договор, уставниот поредок и правната сигурност.

Поднесено обвинение за „Еуростандард“ банка од Скопје – намерно е втурната во стечај со долг од 27 милиони евра!

Со одобрување кредити на кредитно неспособни и поврзани правни лица, без соодветни анализи и обезбедување, со прикривање на реалната финансиска состојба и ризиците, како и со неточно известување до Народната банка, пријавените придонеле банката да биде доведена во стечај, а доверителите да бидат оштетени со околу 27 милиони евра во денарска противредност. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против три лица кои се товарат дека сториле по едно кривично дело „Предизвикување стечај на банка“, како и обвинителен предлог против едно лице за кривично дело „Несовесно работење во службата“.

Независноста е главниот предуслов за успешно спроведување на мандатот на Народна банка

Народната банка ја нагласи својата постојана заложба за унапредување на транспарентноста и отчетноста во работењето, заради дополнително зајакнување на довербата кај јавноста и кај сите засегнати страни.

Мицкоски: Наместо да прават политичка гимнастика и естрада, СДСМ и Левица да усогласат текст, со препораки на ОБСЕ/ОДИХР и гласање на дијаспората, ќе го прифатиме

Договорете се, дајте ни текст и ние ќе го прифатиме, нормално, со вклучени препораки на ОБСЕ/ОДИХР и гласање на дијаспората, им порача денеска премиерот Христијан Мицкоски на СДСМ и Левица во врска со измените на Изборниот законик. Тој ги оцени нивните реакции како политичка гимнастика и естрада.

Кос задоволна од сработеното на владата: Македонија се наоѓа меѓу најдобрите изведувачи на патот кон ЕУ

Македонија се наоѓа меѓу најдобрите изведувачи, за тоа што е усогласеност со европските стандарди и затоа Македонија се квлификуваше во групата на земји на кој што ќе дадеме дополнителни средства за Планот за раст, и го дискутиравме ова навистина многу, ова не е толку очигледно. Може да дојдете до врвот, затоа што ги испорачувате очекувањата и навистина сум среќна што можам да ве уверам дека вашата земја се наоѓа токму во таа група, истакна на денешната заедничка прес конференција со премиерот Христијан Мицкоски еврокомесарката за проширување Марта Кос.

Котлар: Ракувањето на македонскиот народ со историјата често е исполнето со крв, со бури Самоилови, Карпошови, илинденски, партизански, АСНОМ-ски, со негирања!

„Чекајќи ја Марта од ’Европа’ еве исечок од една хроника на охрабрување: која е мерката за големината на еден народ, или на една држава? Дали е тоа територијата, нејзината површина, дали е бројноста на населението, дали е природното богатство или е освоеното, крваво богатство?! Дали големината е само во материјалната и во физичката претстава? А што е со духовната, културната вредност, или со сонцељубивите изрази на еден народ, или на држава?! Еве да го земам за пример мојот народ, македонскиот, кој не е многуброен, но е неизбројан! А, сепак тој е простодушно верен на исконската опстојба и вознес кон историската вертикала од библиски приказни, древност, средновековие и нововековие, па сè до совремието.“ – пишува универзитетската професорка од Институтот за историја д-р Наташа Котлар на својот фејсбук – профил во објавата насловена како „Модерни (ЕУ) народи!“

To top