Хроника

Македонски работник загина на железничка пруга во Хрватска

Мажот на 33 години паднал на пругата и добил смртоносни повреди додека по неа се движело товарно моторно железничко возило

Државјанин на Република Македонија загина во тешка несреќа при изведување работи на железничка пруга во Хрватска.

Трагедијата во која животот го загуби 33-годишниот Македонец се случила во неделата околу 8:45 часот на железничкиот надвозник Сава – Јакушевец, во местото Мичевец, во близина на Велика Горица, соопшти хрватската полиција.

Тој бил вработен во компанија ангажирана за изведување работи на железничката инфраструктура и имал регулиран престој во Хрватска.

Во моментот на несреќата по пругата се движело товарно моторно железничко возило наменето за одржување на инфраструктурата, управувано од 59-годишен машиновозач. Од засега неутврдени причини, 33-годишниот македонски работник паднал на пругата и добил смртоносни повреди.

По пријавувањето на несреќата бил извршен увид под раководство на заменичка на Општинското државно обвинителство во Нов Загреб, со учество на полициски службеници, инспектор за заштита при работа и претставник на Агенцијата за истражување несреќи во воздушниот, поморскиот и железничкиот сообраќај.

Телото на починатиот било пренесено во Заводот за судска медицина и криминалистика во Загреб.

Надлежните институции продолжуваат со утврдување на причините и околностите под кои дошло до трагичниот настан.

Најнови вести од: Хроника

Осум месеци затвор за Игор Дашковски, потпалувачот на автомобили на бугарската амбасада – Пресудата сè уште не е правосилна

Основниот кривичен суд Скопје го осуди 44-годишниот Игор Дашковски Стојановски на осум месеци затвор за палењето две дипломатски возила пред Бугарската амбасада во Скопје, што се случи на 15 јуни годинава.

Приведен 18-годишник поради сомнение за лажна дојава за бомба во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово

На 17.11.2026 во периодот од 05:45 до 07:25 часот, полициски службеници од Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при ОСОСК, во содејство со полициски службеници од Секторот за компјутерски криминал и Полициското одделение Жеровјане при СВР Тетово, извршиле претрес во дом и помошни простории кај А.Д.(18) во с.Радиовце, тетовско, поради сомнение за сторено кривично дело лажна дојава за бомба во гимназијаts „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово.

На 27 ноември почнува судењето против Кристијан Корабоски (31), обвинет за претепувањето на Сара Ѓорѓиеска од Охрид

На Корабоски му е определен 30-дневен притвор откако против него беше поднесено обвинение за телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста.

To top