Регион

Еди Рама: Бугарите да влезат во македонскиот Устав

Пред три години изјави дека не се согласува целосно со бугарското раководство, период во кој албанскиот премиер често ја критикуваше Софија за блокирањето на евроинтеграциите на регионот

Внесувањето на Бугарите во Уставот на Македонија е неопходност што произлегува од договорот постигнат меѓу Скопје и Софија со француско посредување, изјави албанскиот премиер Еди Рама во интервју за Бугарската национална телевизија (БНТ).

Албанскиот премиер нагласи дека прашањето за уставните измени во Македонија за него е веќе дефинирано со постигнатиот договор.

Новинарот го потсети Рама дека пред три години изјавил оти не се согласува целосно со бугарското раководство, период во кој албанскиот премиер често ја критикуваше Софија за блокирањето на евроинтеграциите на регионот. Според Рама, тогаш околностите биле поинакви и дека „сега нема причина за спор“.

Не. Не, бидејќи тогаш, како што се сеќавате, стануваше збор за ситуацијата пред таканаречениот договор меѓу Бугарија и Македонија, постигнат со француско посредништво. Сметам дека сега нема причина за несогласување, бидејќи потребата бугарското малцинство да биде внесено во Уставот на Македонија е сосема јасна. Тоа произлезе од договорот меѓу двете земји – рече Рама.

Албанскиот премиер во интервјуто зборуваше за односите во регионот, европската интеграција и за политичката состојба во Албанија.и порача и дека Албанија нема проблеми со Бугарија

Најнови вести од: Регион

Мосад им доставил информации на Грција и Македонија за иранската мрежа, што подготвувала обид за атентат во Грција

Израелската агенција за надворешно разузнавање Мосад им доставила информации на Грција и Македонија за мрежата поврзана со Иран, што наводно подготвувала обид за атентат во Грција, објави израелскиот портал Ynet, повикувајќи се на свои извори.

Главниот дел од истрагата за разоткривањето на иранската мрежа го воделе безбедносните служби на Македонија

30-годишен македонски државјанин, кој бил прогласен за непожелен од безбедносни причини во Грција бил уапсен на крајот на октомври со автомобил со македонски регистарски таблички се обидел да ја напушти Грција и да влезе во Турција преку копнениот граничен премин во областа Еврос

Ива Михајлова: „Јави ми се веднаш, зашто сите ќе умреме уште вечерва“(ВИДЕО)

Ова била една од пораките што јутјуберот Цанов ги добил од Михајлова само неколку минути откако тој го објавил првото видео, во кое Ива зборуваше за наводен притисок од безбедносните служби во Бугарија

To top