Регион

Не стивнуваат протестите во Србија

Антивладини демонстрации синоќа се одржаа во повеќе од 30 градови и општини, вклучувајќи три одделни локации во Белград.

42 полицајци беа повредени за време на синоќешните немири во Србија, 37 лица беа приведени, објави вицепремиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ кратко по полноќ.

Протестите повторно беа најнасилни во Нови Сад и Белград.

Министерството за правда на Србија ги нарече протестите „удар врз уставниот поредок“.

Претседателот Вучиќ ги обвини демонстрантите во Нови Сад дека се обиделе да запалат живи луѓе во канцеларијата на владејачката Српска напредна партија.

Во синоќешна изјава за белградски медиуми тој рече дека ќе следува поефикасен систем и поефикасна борба „против бандити и насилници и верувам дека ќе успееме. Пред нас се големи реформи во полицијата и обвинителството“.

„Државата се уште има многу работа, ќе има уште многу апсења. Сакам да им се извинам на сите оние луѓе кои ми велат дека е време за вонредна состојба, дека е време да се укинат ТВ Н1 и Нова С, дека е време да се изнесе војската на улица…Сакам да знаат дека ќе го одмерам секој потег со моите сојузници, но дека нема да ја доведам Србија во позиција каде што државата би била дупка на нечиј тепих. Владеењето на правото ќе мора да функционира“, нагласи тој.

Антивладините демонстранти синоќа ги демолираа просториите на владејачката Српска напредна странка (СНС) во Нови Сад и се судрија со полицијата и поддржувачи на СНС во главниот град Белград и во неколку друго градови низ Србија.

Протестите синоќа се одржаа еден ден по насилните немири во кои беа повредени десетици лица.

Пеѓа Митровиќ, пратеник на Партијата за слобода и правда, ССП бил претепан со палки во Белград. Тој изјави дека без очигледна причина, неколумина маскирани лица нафрлиле врз него и дека, иако се претставил како пратеник, тие продолжиле брутално да го тепаат по главата и нозете.

Студентите што учествуваат во блокадите се огласија на социјалните мрежи по протестите низ Србија што се одржаа претходната ноќ и рекоа дека владата сакала да предизвика граѓанска војна со конфликтите.

Вучиќ: Нема да има граѓанска војна во Србија

Најнови вести од: Регион

Рама објави видео во градник и здолниште, додека граѓаните бараат стоп на проектот на зетот на Трамп (ВИДЕО)

Дополнителни реакции предизвика и однесувањето на Рама на социјалните мрежи, каде сподели видеа генерирани со вештачка интелигенција на кои е прикажан како инфлуенсер на местото на протестите.

Бугарија да се извини за непризнавањето и репресијата врз македонското малцинство

Европската Слободна Алијанса повикува европските институции и меѓународните организации да продолжат со мониторинг и да обезбедат почитување на европските стандарди за човекови права и демократија за македонското малцинство во Бугарија. 

Самоопределување пак победник, но Курти тешко дека ќе може сам да состави влада

Со речиси 100 проценти преброени гласови на последните избори во Косово, ажурираните резултати утрово потврдуваат убедлива победа на Движењето Самоопределување, кое води со 42,92% од гласовите, или 297.296 гласови

To top