Бизнис Свет

ЕУ ќе воведе по 2 евра такса за малите пратки, главно, од Кина

ЕУ планира да воведе фиксна такса од 2 евра за милијарди мали пакети што влегуваат во Унијата, главно од Кина, што е нов удар врз евтините онлајн трговци на мало како што се „Тему“ и „Шеин“. Комесарот за трговија, Марош Шефчовиќ, му соопшти на Европскиот парламент дека во вторник предложил такса за ракување за да […]

ЕУ планира да воведе фиксна такса од 2 евра за милијарди мали пакети што влегуваат во Унијата, главно од Кина, што е нов удар врз евтините онлајн трговци на мало како што се „Тему“ и „Шеин“.

Комесарот за трговија, Марош Шефчовиќ, му соопшти на Европскиот парламент дека во вторник предложил такса за ракување за да ги компензира трошоците поврзани со 4,6 милијарди артикли што годишно се увезуваат директно во домовите на луѓето, пишува „Фајненшл тајмс“.

Нацрт-предлогот на Европската комисија, предвидува дека таксата од 2 евра ќе се применува за пратките испратени до потрошувачите, но дека артикли испратени во магацини ќе бидат оданочени со 0,5 евра.

Дел од приходите ќе ги покријат трошоците за царинските проверки потребни од растечкиот обем на увоз поттикнат од евтините трговци на мало, додека преостанатите пари ќе одат во буџетот на ЕУ.

Повеќе од девет од 10 пакети увезени во ЕУ доаѓаат од Кина.

Овој потег следи по слични напори на САД за ограничување на увозот на артикли со ниска цена , кој досега ги ослободуваше пратките вредни помалку од 800 долари од царини и документација.

Најнови вести од: Бизнис Свет

Цената на нафтата надмина 100 долари за барел

Новите случувања дополнително ги засилија стравувањата за безбедноста на Ормускиот теснец, преку кој се транспортира околу една петтина од светската потрошувачка на нафта, што дополнително ги поттикна цените на светските пазари.

Грција стави „сопка“ на новиот пакет санкции кон Русија

Атина сака да ги ублажи и веќе договорените ограничувања за увоз и трговија со руски течен природен гас (LNG),бидејќи Грција е светска превозна сила, а транспортот на течен руски гас преку водите и пристаништата на ЕУ носи милијарди приходи

To top