Бизнис

Македонија или странство – колку заработуваат сезонските работници?!

Недостига работна сила на пазарот. За жал дел од работниците кои дојдоа во Македонија, заминаа, затоа што им се ветуваше премногу, а добија премалку. Мора да се има стратегија, ако сакаме нормано да се работи.

Готвачи, келнери, туристички работници, градежници. Ова се само дел од професиите кои и недостасуваат на Македонија. Добар дел од нив, среќата ја бараат во соседните земји, каде работат за многу повисоки плати. Но оние работници кои решиле да работат дома, не сакаат ни да слушнат да работат за малку пари, велат дел од газдите во изјава за МРТ1. Соред нив, проблемот е во сезона, кога работници немало ни за лек.

Газдите бараат поддршка и нови мерки од институциите, со кои ќе се создадат услови за младите останат дома и да не бараат работа во други земји.

Од Агенцијата за вработување велат дека невработеноста паѓа, но во се земјава и натаму се бараат работници, оти добар дел од нив заминуваат надвор. Велат, до сега евидентирани се 96.618 активни баратели на работа.

Во Хрватска најплатени се готвачите кои заработуваат над 2.000 евра со работно искуство, келнерите во просек заработуваат околку 1.500 евра, собарките од 1.000 до 1.400 евра.

И додека Македонците заминуваат во странство, кај нас празнината се пополнува со увоз од Непал, Бангалдеш, Индија, но и од Филипини. Најчесто се ангажирани во градежништвото, угостителството и туризмот, каде им се нудат ниски плати кои не ги сакаат македонските граѓани.

Најнови вести од: Бизнис

Овозможени уплати за комуналии и отплата на кредити – реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ во Битола, Струмица и Тетово

Народната банка потсетува дека од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Вицепремиерот Николоски: Новата инвестиција на „АСП-ПАК“ донесува развој и нови можности за Охрид

Нов производствен капацитет на компанијата „АСП-ПАК“ ДООЕЛ беше отворен во Охрид, инвестиција која, според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, претставува значаен придонес за развојот на локалната економија и индустријата во земјава.

ЕУ повика Македонија да се усогласи со политиките за критични суровини

Македонија сè уште треба да се усогласи со Директивата за критични суровини, како и да изготви и усвои соодветна легислатива за да се интегрира во синџирот на вредности на ЕУ за критични суровини, пишува во последниот Извештај на Европската комисија посветен на земјава.

To top