Македонија

Георгиевски: Ванчо Михајлов никогаш не се декларирал како фашист

По судницата во Битола, кадешто го бранеше својот имењак и претседател на избришаниот клуб на Бугарите во градот на конзулите, некогашниот премиер Љупчо Георгиевски одново застана во одбрана на ликот и делото на Ванчо Михајлов, овојпат во интервју за Бугарското национално радио (БНР). „Нема брз одговор (дали е фашист – н.з.), бидејќи ситуацијата треба да […]

По судницата во Битола, кадешто го бранеше својот имењак и претседател на избришаниот клуб на Бугарите во градот на конзулите, некогашниот премиер Љупчо Георгиевски одново застана во одбрана на ликот и делото на Ванчо Михајлов, овојпат во интервју за Бугарското национално радио (БНР).

„Нема брз одговор (дали е фашист – н.з.), бидејќи ситуацијата треба да се објасни. Етикетата дека е фашист ја лепи Бугарската комунистичка партија (БКП) во битките меѓу левицата и десницата. На македонските и на српските комунисти им беше многу лесно да го етикетираат Ванчо Михајлов како фашист. Со демократизацијата во Бугарија, се најде сила да се рехабилитира Ванчо Михајлов, а ние сè уште се бориме кај нас. Откако ја заврши својата политичка кариера во 1934 година, тој беше повеќе писател отколку активен политичар. Да речеме и дека Ванчо Михајлов никогаш не се декларирал како фашист. Историјата не познава таков документ. Тој е македонски револуционер, кој се борел за самостојна и независна и Македонија и е антикомунист“, објасни Георгиевски.

Експретседателот на Владата ја критикува Бугарија за недоволно културни и економски проекти во Македонија.

„Без оглед на проблемите во политичка смисла, сметам дека Бугарија треба да биде поактивна со културни и економски проекти. Поголема активност нема да пречи. Не знам до каде е стигнат Коридорот број 8, но Бугарија може да ги изгради овие километри за да не ѝ дава аргументи на Владата на РСМ дека ништо не се работи на Коридорот 8. Може да има повеќе проекти и во инфраструктурата“, рече Георгиевски во емисијата „Радио Точка“.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Абази го затвори предметот за модуларните болници и го спаси Филипче

Особено загрижува фактот што предметот со години фаќал прашина, прво во фиоката на Вилма Рускоска, потоа во таа на Елизабета Јосифовска, двете обвинителки од поранешното криминално СЈО, за на крај, токму ОЈО ГОКК предводено од слугата на СДС и ДУИ, Абази да донесе одлука дека нема основ за кривично гонење

Македонските дипломати во Скопје ги прецизираат идните задачи на дипломатската мрежа

Заштита на македонските национални интереси, потенцијалот на дипломатско-конзуларни претставништва во делот на економската дипломатија и заштита на граѓаните што живеат надвор од границите на нашата држава

Сиљановска-Давкова: Новата мултиполарна реалност со проактивна дипломатија, водени од јасен национален, натпартиски надворешнополитички компас

Во време на големи геополитички пресврти нам ни е потребна дипломатија која е истовремено принципиелна и прагматична, втемелена во вредности, но отворена кон новите реалности, порача шефицата на државата

To top